Дечки, ај една мала доза логично размислување.
1. На Каленикови (а и на сите други импортери во Македонија) не им одговараше да се донесе законот за увоз на половни возила заради тоа што ќе се намали (и се намали) и онака ниската продажба на нови возила. (Колку да се надоврзам на муабетот - возам Сеат, и не сум влегол во КаДис откако ми истече гаранцијата. Не ни сакам, веќе го објаснував ова.)
2. Со намалување на продажбата на нови возила, се намалува и одењето во (официјален) сервис. Никој што ќе донесе кола од странство не ја носи колата на официјален сервис каде што ќе го крпат прописно.
3. Официјалните сервиси се СЕКАДЕ во свет поскапи од неофицијалните. Не знам зошто тоа толку ве чуди и зошто толку го ругате? Прифатете го како нормална работа. Ако не ви се свиѓа да ја носите колата на официјален сервис - carry on!
4. Не ми се верува дека постои човек што ќе купи нова кола и за време на гаранцијата, нема да ја носи во официјален сервис, па макар и сервисот да коштал повеќе пари. Ако некој го направи тоа за да заштеди 500 евра (преку 3-5 години рецимо, колку што трае гарантниот рок) на кола што ја платил 15.000 и покрај тоа да ја изгуби гаранцијата, ја можам само на чело да му стегнам еден печат „ИДИОТ“, и да го оставам да тера даље.
5. Хорор причите за некои од импортерите сум ги слушнал и јас. Јебига, тоа е. Док је оваца, биче и предива.
Реалноста е дека како и за сите други работи во државава, треба отварање очи. Во земјава станува потребно да имаш близок пријател лекар, водоинсталатер, месар, бербер па и автомеханичар за да можеш да си ја завршиш работата како што треба.
Логиката која што барем за мене е валидна е следната - додека возилото е под гаранција, ќе си тера на официјален сервис. Сепак, гаранцијата значи нешто. Кога ќе истера гаранцијата, ќе најдам добар и доверлив сервисер кој ќе ми го оддржува возилото како што треба. На крајот на денот, квалитетот и долготрајноста на возилото се сведува на редовно и добро оддржување.
EDIT: Едноставно не можам да поверувам дека редовен сервис на Citroen C3 кошта 30.000 денари. Имам некои обврски низ град денес, ќе пројдам до салонот на Citroen и ќе прашам на лице место колку е просечна цена на сервис во гарантен рок. Спортекс, те молам кажи колку те кошташе обичен сервис на C4-ката.
Еве јас ќе кажам дека најскапиот (редовен) сервис што сум го платил на Леонот (во Porsche Skopje, значи официјален сервис, не во некој маалски сервис) и ми смениле масло, филтри итн, ме коштал околу 7500 денари. Не викам дека е ефтино, ама е во официјален сервис. Муабетот дека сервис кошта од 50 до 200 евра само кај неофицијални сервис одма ти паѓа во вода.
И на крај, јавно кажувам дека највеќе во поглед на искреност околу сервиси ме има изненадено Макпетрол. Си имаат дечките направено математика колку би коштал редовен сервис кај нив во гарантен рок, и тоа отворено го кажуваат на секој потенцијален купувач. Колку што памтам, вкупно сите сервиси за Accord за вкупното траење на гаранцијата (5 години или 150.000 километри) кошта околу 80.000 денари. Тоа се многу пари, за кола што коштала 25.000 евра, и не се плаќаат одеднаш, него преку 5 години, за да се оддржува колата во официјален сервис?