Автор Тема: Најнесериозен и најш*пак дилер на автомобили и сервис во Македонија и пошироко?  (Прочитано 127830 пати)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Јас го земав Голфот со полн резервар.Се гледа кој дилер има највеќе искуство и пази на такви мали работи кои можат да им донесат негативно мислење кај луѓето :P
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Јас го земав Голфот со полн резервар.Се гледа кој дилер има највеќе искуство и пази на такви мали работи кои можат да им донесат негативно мислење кај луѓето :P
И јас Полото го земав полно. ;D

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Јас го земав Голфот со полн резервар.Се гледа кој дилер има највеќе искуство и пази на такви мали работи кои можат да им донесат негативно мислење кај луѓето :P
Ali zatoa pa uste naplakaat za elekt .prozori na zadni stakla;))))
mMora nekako da se izvadi benzinot.....just kidding.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Vo paketot sto go zemav imam i elektrika na zadni, i gratis bandazi i zimski i letni gumi, vkupno 9 trkala ubavi. Maglenki od koi pak edino sto mi pomognale e da me zastane cicko policaec...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Абе спрема цените на VW треба и по една дада гратис да даваат на 7 дена користење, кога ќе ја купиш колата..... :D :D Шала...не рипајте одма... :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Леле ценине за челични фелни и дрн-дрн...Кој рекет....

Епа кога спомнавте цени...Ајде да го раскажам вчерашното мое искуство, иако сум имал еден куп слични искуства....Ама ова беше WTF?!?!?

На Mаздата има еден затегач за линискиот каиш кој што од невозење + вода знае да зарѓа и потоа да крцка, со евентуална можност да откаже. На линискиот каиш се врзани сервото, алтернаторот и климата.  Така да и да откаже нема да има штета по моторот (водната пумпа е врзана на ланче) и ќе имам фора да возам сигурно уште некои два-три саати со исклучени електрични уреди. Ме нервираше уште на почеток, ама дури сега решив да го средам.

На интермец го гледав, со достава излегува некаде околу 100 евра без царина и без данок, значи 140 вкупно.

Не се ни замарав да се јавам во Аутокомерц бидјеќи се шупци и никогаш немаат ни лагер на лагер. Сигурно го немаат и сигурно ќе треба да ја почекам триумфалната порта на Грујо да се изгради па низ неа да може да го внесат затегачот пред монтажа. За цена немоажам ни да претпоставам колку ќе биде висока.

Бидејќи маздините мотори од генерацијата на мојот се монтираат во форд (мондео, фокус, фјужн, ц-макс и тн.) може да се земе истиот тој затегач од Форд. Се јавив во Форд, им дадов слики и парт намбер и по некое време ми се јавија да ми кажат дека го имаат на лагер но да одам прво да го видам, т.е. да го споредам со оригиналот. Бев го видов, тој е, прашав цена и ми викаат 13500 денари (220 евра) денари без монтажа :D

Викам кој ги е*е, секако не го монтирам кај нив, од интермец ќе си го нарачам за 140. Се јавив на Маршер и благодарение на неговите канали истиот дел го најдов за 70 евра. Доблесно и поштено од негова страна што не ми кажа дека ќе ми го најде делот за поевтино, па да отиде да го купи за 70 и да ми го препродаде за 100. Можеби тој начин е правилен за едно капиталистичко општество и го практикуваат сите занаетчии кај нас, меѓутоа ќе најдам начин како да се заблагодарам.

Што ми беше муабетот, сакав да потенцирам колкави шупци се овластените дилери/сервиси. Како можат да одат со 3 пати повиска цена за деловите без око да им трепне. Притоа ако таму од каде го земав делот заработувачката им е 15 евра, во Форд е 150 евра, т.е. 10 пати поголема. Не дека не знаев дека Форд дерат на делови, ама ова не го очекував. Кое безобразие...

Па дечки, не гледам логика да ги носиме автомобилите во сервис на дилерите...Едноставно додека возилото е во гаранција да се носи во нивен сервис само заради гаранција. Потоа секој да си најде сервис со стручна екипа и да ги бојкотираме овие арамииве. Можеби дури потоа ќе почнат да размислуваат на теми различни од праење профит.
« Последно менување: 23 Март 2011, 09:33:05 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Мене Олимпија моторс повеќе пати ме имаат изненадено со пониски цени од тие што сум очекувал. Еве една случка:
Во брзање пред година дена на пумпата на Макпетрол на Орце николов кај Соборна црква земав сам да си точам, ама од невнимание не забележав дека ставам дизел место бензин. И пошто брза кучка слепу кучиња раѓа, после ја буткав колата до дома (во комшии) и пак не стигнав таму кај што брзав.
После неколку дена татко и со Кадетот ме влечеше до Олимпија Моторс на сервис за да го извадат резерварот, да го измијат, средат и монтираат назад. Ми се јавија на работа да ми кажат дека е готов, да донесам бензин и да си го земам. На прашањето колку ќе ме чини сервисот човекот ми одговори: „не знам, да го прашам шефот па ќе ви јавам да ви кажам“.
Во меѓувреме почнав да права филмови дека ќе ме одерат фино, па си реков ако бараат докај 50 евра ОК, ако е над тоа ќе се карам. Не поминаа 2-3 минути ми се јавува човекот и ми вика:
Па господине бидејки е малце комплицирано вадењето резервар кај спарк, едно-друго (јас веќе се потам) се вкупно ќе ве чини 350 денари.
Јас ќутам и викам: 350 денари? Да господине...... 350? Да-да, толку.
Отидов, им дадов 500 денари, кусур не земав и си дојдов дома фино задоволен.

Мислам дека Олимпија моторс се добри со цените...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Тоа е БЕЗОБРАЗНО добра цена. Ама мислам дека се работело за недоразбирање, и ти си ќарил на тоа. Штознам, ти е гајле.

Еве менување на гуми рецимо, наместо да се кичмам ги однесов до комшии во мотоцентар и ми ги заменија сите 4 за 200 денари. Фино и поштено, не вредни да го правам сам.

Еднаш некој ми го р'снал она ку*ето на вратата за заклучување, ама јас не знаев. Битно вратата не се заклучуваше и отклучуваше. Си реков нешто моторче ова она... И го однесов на сервис кај Желка, ја размонтираа вратата и видоа што се десило. Ми ставија ново ку*е исто такво пластично. 200 денари. Пак не вредеше да се замарам сам да ја копам вратата за 200 денари.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Кога менував масло во еден сервис, имаше еден со спарк пред мене исто менуваше масло. И почна да се жали во аутомакедонија му земале 5000 за промена на масло ?!? Па си викам да не случајно му ставаа мотул 300в, и да не собира спаркот 5литра :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Кога менував масло во еден сервис, имаше еден со спарк пред мене исто менуваше масло. И почна да се жали во аутомакедонија му земале 5000 за промена на масло ?!? Па си викам да не случајно му ставаа мотул 300в, и да не собира спаркот 5литра :D
Во олимпија моторс за работна рака при менување насло и филтер земаа или 300 или 600 денари не сум сигурен + мое масло си носев + 250 денари оригинален филтер за масло и 600денари филтер за воздух. Сосе маслото цел сервис ме чини се на се 2400-2500 денари.

Истиот сервис за Хјундаи и-10 бараат 6000 денари, по 1000 денари литар масло обично Кастрол....

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
На тема за гориво на ново возило.
Јас кога го подигавме лансерот си имав иста мака како сите од МАС. Арно ама ние дека од биотола го земавме таму нема МАС, таму има еден уште по ш*пак фирма (кој е од бт или поминал од таму, Торпедо се вика или познато како Герзо). Таа фирмата се во една локација како што имаат во склоп дилер за тојота, митсубиши и бензиска пумпа. Од таа пумпа кој наполнал гориво мамето си го плачел, ужас невиден, кузнае што ставаат во тоа бензинот. И го земаме ние лансерот и нормално на резерва, и викај тој продавачот (исто така малку ш*пак чоек) имате гориво до наредната бензиска и покажува со главата кон бензиската. И јас одма ??? и му викам, абе ти сериозно мислиш дека тука ќе наполна, гориво?? И палам и возам до АМСМ на регистрација а карши неа е Лукоил, а тие се на 1км од Торпедо. Пази сега, па сред протоколот за регистрација, снемува струја во цело реон, и нема струја ни во АМСМ ниту во Лукоил :) :) :) Забава до бесвес, среќа издржа до една друга бензиска и таму како најголем сељак турив за 100ден бензин, за да ми трае до лукоил шо е на излезот на Битола за кај Охрид. Брука невидена. А еден од попустите шо ми го понудиа од Бт за колата беше, полн резервоар гориво :D :D :D
« Последно менување: 23 Март 2011, 19:23:43 pm osmica8 »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Ретки се дилерите што ќе ви дадат гориво.. Чест на исклучоците. Импортерот што во Македонија донесе Opel Insignia OPC (што според еден од вработените кошта некои си 55.000 еура) се дрзна на купувачот да му ја даде без гориво во резервоар. Срамота.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Кога менував масло во еден сервис, имаше еден со спарк пред мене исто менуваше масло. И почна да се жали во аутомакедонија му земале 5000 за промена на масло ?!? Па си викам да не случајно му ставаа мотул 300в, и да не собира спаркот 5литра :D
Во олимпија моторс за работна рака при менување насло и филтер земаа или 300 или 600 денари не сум сигурен + мое масло си носев + 250 денари оригинален филтер за масло и 600денари филтер за воздух. Сосе маслото цел сервис ме чини се на се 2400-2500 денари.

Истиот сервис за Хјундаи и-10 бараат 6000 денари, по 1000 денари литар масло обично Кастрол....
ова за хјундаиво ми е многу чудно, пред недела дена бев на сервис за гетцот и ме кошташе 4950 со се филтри за ваздух и полен првиот сервис само уље(4литра шел) филтер за уље и работна рака ме кошташе не повеќе од 2500 денари.

Во која фирма го носиш?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Vo paketot sto go zemav imam i elektrika na zadni, i gratis bandazi i zimski i letni gumi, vkupno 9 trkala ubavi. Maglenki od koi pak edino sto mi pomognale e da me zastane cicko policaec...

Баш ме интересира како би изгледала колава без пакетот кој ти си го земал??? Веројатно без гуми и бандаши, или пак лошо те разбрав??? Значи во моментов имаш три пара гуми и бандаши??? Или па колата се продава без гуми и бандаши, а ти даваат летни и зимски и плус бндаши и за едните и за другите???
Каков моронски маркетинг, просто не ми се верува... :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.