Мојот вентилатор на напојувањето што е, стар е колку што е и компјутеров, од септември 2012 година. Пред две години отприлика прв пат почна да бучи и тоа саглам бучава вадеше.
Тогаш го отворив, исчистив, капнав неколку капки машинско уље на осовината, работеше скоро година ипол, зимово пак ми пробучи, пак истата постапка ја направив, еве го веке 7 месеци ме тера. А го чистам двапати годишно целиот компјутер од прашина.
Ако можеш да го извадиш и расклопиш, направи го ова, би требало да биде потоа ок, барем година-година ипол.
Мене целата процедура на вадење, подмачкување и вракање назад ми е негде 40-45 минути.