Ај и јас да кажам мое видување на марките на лаптопови:
Најпрвиот лаптоп беше Toshiba земена од UK, Pentium 4 генерација, до ден денес работи (по потреба).
Поучен од квалитетот на Toshiba земав Core2Duo генерација Toshiba - L100 модел некој. С Р А Њ Е во боја - ефтина пластика, лоши шарки и срање џек за струја. Брат ми го доби од мене бидејќи неможев да живеам со такво срање. 1 година гаранција за која немаше потреба да се активира. Сеуште се работи на него со тоа што во К2 лаптоп ми го средија џекот за струја кој беше поткршен.
Одма после си купив Apple MacBook Pro 13" (пред нецели 5 години му доаѓа) на кој и ден денес работам, со тоа што 2гб ги сменив со 8гб и HDD-то го сменив со Samsung 830 SSD. Купив и caddy за DVD-RW да го сменам со HDD но за тоа не ми се јави потреба па си остана DVD-то.
Батеријата сеуште е првата и држи над саат време што мене ми е топ бидејќи најчесто се работи приклучен во струја.
Гаранција имаше 1 година и истата не беше активирана бидејќи немаше потреба.
Магнетскиот џек за струја се покажал како одлично решение миљон пати кога некој ќе се сопнел од кабелот.
Има акнато од 1м висина на тврд под и освен што малце се свитка алуминиумот друго ништо не му е. Му имам мавано шамари и боксови и пак ништо не му е.
Малце грее но тоа се решава со менување на TIM.
Поради природата на мојата работа го возам на Windows 7ца и работи без проблеми. OS X не поддржува се што ми треба а и многу ми е нашминкан.
Доколку би требало да купам повторно лаптоп тоа без размислување би бил Apple, не сум нивен фанбој, од нив имам само уште ајпод кој е супер. Да, поскапи се од другите но квалитетот на изработка е врвен.
Брат ми после Тошибата купи Dell XPS со 5 години гаранција. Ок е, до сега 2 години нема мака али пластичната негова изработка неможе да се спореди со куќиштето на Apple-от. И тастатурата истотака.