Јас користам HP, но имаа една серија бог да ја прости што беше катастрофа. Но за сечија среќа помина таа серија. Дел нуди 3 години гаранција и затоа ги нудам. Лаптоп без гаранција, џабе е лаптоп. Тоа е само непотребен стрес за корисникот, поготово со една година. За другите брендови обично се доплаќа 10% на цената (грубо) за да ти дадат 3 години гаранција. ЈАс во овој живот не планирам да купам лаптоп со помалку од 3 години гаранција, зошто за мене амортизацијата на тој уред трае најмалку 3 години. Потоа веќе е време да се размислува за нов. Но, ако после 8 месеци останам без матична плоча (ми се случи на Фуџицуто на времето) ми ја сменија под гаранција, без проблем. Меѓутоа матичната потоа цркна после 2 години пак, а цената за матична е екстремно голема, и најчесто не се исплати да даваш толку пари, а да останеш на старите перформанси. Да си имаше гаранција ќе си ја сменеа пак, и мојата глава ќе си беше мирна. Но, не немав гаранција. Цената не ни знам колку беше, фаќав врски нешто да се поправи ако може старата, или да се замени нешто. Никој не успеа, џабе измачував луѓе наоколу. Дури и на форумов. Зошто тие стресови? Зошто немало гаранција, е од тогаш редот си се знае. Новиве ствари веќе кога ќе им измене гаранцијата можеш комотно да ги фрлиш, односно гаранцијата на уредот мора да трае онолку колку што планираш да трае и амортизацијата. Ако работиш во граѓевинска индустрија и лаптопот е под стресови и се амортизира за 1 година, тогаш гаранција од 1 година е доволна. Зошто и така мора нов после 1 и нешто година. Но ако работиш во канцелариски услови или дома, амортизациајта (за мене) е барем 3 години. Затоа и сакам да има најмалку 3 години гаранција. Порано Дел даваа 5 години гаранција. Тоа ми дава степен на мир и намален крвен притисок кој ми годи во овие стресни Македонски времиња. Значи со други зборови, ако гледаш други брендови додат 10% на цената.
Пак би купил HP, но само со продолжена гаранција. Исто така би купил и Тошиба, и Дел, и Леново. Што се тиче мене, и за мене тоа би купил - и тоа и би препорачал.