Прашање до сите, но би сакал Фаланга да одговори, зошто за парче од неговата опрема се работи.
Користам кабелски интернет кој влегува директно во рутер и од тука нормално преку WiFi користам интернет на два телефони, и еден лаптоп, а преку мрежен кабел користам на статичниот интернет.
Се е океј, освен што на телефоните не прикажува слики, што веројатно значи дека рутерот нема отворено некои порти или што ти ја знам.
Информација која веројатно ќе послужи, е што рутерот го купив и бев обврзан да го однесам во провајдерот за да го „кодираат“ за што нормално зедоа паричен надоместок.
Е сеа имам уште еден рутер, кој го купив од Фаланга, и за кој знам дека е исправен и знам дека ќе ги покажува сликите, и сакам постоечкиот да го заменам со тој на Фаланга.
Дали е можно тоа кодирање да се изврши во домашни услови, затоа што во друга тема (можеби беше и оваа) се спомнуваше дека јавување во провајдерот за да го оспособи рутерот е всушност клонирање на MAC адресата.
Дали ова што сакам да го направам е воопшто изводливо, и ако е, како би можело да се изведе?