Луѓе ми треба мала помош...
Имам Нетбук донесен од германија (SaleSK го знае) И на него имаше инсталирано лиценциран Win7 Starter на германски јазик. Со еден програм што ми го даде „Фаланга“ направив бекап од целиот диск ц и го форматирав нетбукот. Му ставив XP затоа што кабелот за дијагностика во кола работи само со XP. Сега кога пробав да го вратам стариот Win 7 ми дава некој ерор.. и ми бара цд оригинално за да се оправи. Барав низ интернетов но нигде неможам да најдам Win7 starter на германски јазик. (Би било одлично доколку успеам повторно да го вратам на германски).
Па сега ми треба помош од вас компјутерџиите.. каде би можел да најдам Win7 starter и да го искористам кодот кој е залепен на компјутерот.
Еве и слика од налепницата...

Се работи за HP mini 210
Јави се во Microsoft и кажи им дека имаш проблем.
Во принцип го бара оригиналното CD од производителот на лаптопот. Ако не било доставено во кутија со лаптопот тогаш имало процедура да се направи „repair disc", која сега за жал не можеш да ја направиш.
Реално за подршка на овој OS одоговорен е производителот на лаптопот и во културни земји би требало да добиеш начин да си добиеш/купиш медиум.
Провери на сајтот на HP да не има некое инфо +
Пробај во call center-от на MS на 3090890 во работно време. Ама не би се надевал премногу.