Процесорот што го посочив е идеален баланс од сите барани карактеристики (не грее (дефинитивно е лесно изводливо да се користи само пасивно ладење), доволно е јак, и има доволно јака графичка за да работи све беспрекорно (пуштање филмови/музика, не игри).
Процесорот кој го посочи е оверкил во секоја можна смисла за намената која ја наброја. Всушност оверкил е и Celeron G 1610 но бидејќи нема послаб двојадрен Celeron базиран на Ivy Bridge затоа и го предлагам во конфигурацијата. Без проблем со незначително оптоварување и потрошувачка на енергија пушта 4K(4096x2560) материјали. Покрај како HTPC конфигурацијата која ја предложив можеш истовремено да ја користиш и како NAS, односно да инсталираш XBMC под Linux + FreeNAS така што системот ќе си работи флуидно додека од друг компјутер му роварат по дисковите, а ти во исто време гледаш 4К содржини. Воедно грее и троши помалку од три пати поскапиот i3, па затоа е и е подобар избор од i3.
Исто SSD -то не е ставено ради потреба од брзина на пребарување.
SSD -то е ставено да повторно нема подвижни делови и вибрации што би ги предизвикал хард дискот , и да имам што попасивно ладење во самото куќиште (самиот ХДД генерира повеќе топлина него ССД). Се слагам дека било кој SSD ќе ја заврши работата , не мора Samsung 840 Pro. Моделот го одбрав бидејќи веќе кога купувам сакав да одам со најдобрата верзија што може да си ја приуштам.
Валиден е аргументот за бучавата и греењето, меѓутоа стварно не ја гледам поентата на 840 Pro. Ако веќе можеш да искешираш подобро ќе беше да купеше поспоро SSD од 480+ GB, на пример 840 500GB.
Што се однесува до изабраниот chipset и плоча.. Многу е битно како е решено напојувањето на самата плоча и колку стабилни се тие вредности. Споредувајќи го начинот на изведба не наидов на доволно квалитени солуции кај послабите плочи. Затоа имав дилема измеѓу Sabetooth Z77 i Maximus Formula . Важноста на овој дел веќе имав можност да го споредам со моето друго HTPC (тоа отиде во спална), а е во форма на Fujitsu Q900.
И овде сметам дека тотално безпотребно си ги потрошил парите и не си добил ама баш ништо во однос на она кое го нуди матична која е 1/5 од цената на Sabertooth Z77 и Maximus Formula. VRM дизајнот на матичната ќе играше улога ако на матичната имаше закачено некој Sandy Bridge i7 оверклокуван до максимум и притоа го држиш постојано под load. Но за Ivy Bridge(кој има за околу 20-25% помали електрични побарувања од SB) i5 кој е просечно оптоварен 1% нема буквално никаква разлика меѓу најефтината B75 матична и најскапата Z77. Досега имам склопено над 10 конфигурации со B75, од кои три со Asus P8B75-M LX и i7 3770 кои скоро година дена се користат за CAD по 16 часа дневно, 6 дена неделно.
Што се однесува до звучна карта.. Со сета почит према ASUS ST или STX, сепак се во друга класа во однос на Benchmark DAC1 Pre (што е екстерен DAC, а мене ми игра улога на звучна карта).
Benchmark -ot го споредував со DAC -ови во ценовен ранг 2000-10000 еур, и да речеме дека звучи подобро или на исто ниво со доста од нив (ќе имаш прилика да се увериш).
Исто има предпојачалска улога (мада го користам исклучиво за Passtrough моде од surround procesorot), која што ме изненади бидејќи подобро ми звучеше од McIntosh C2300 preamp кој што е 5 пати поскап од Benchmark -ot а нуди само преамп без DAC.Оваа споредба ја правев и кај мене дома, и во Kirov High End во Софија, и дојдов до идентичен заклучок. (тоа направи да го продадам McIntosh -ot).
Што се однесува до surround спомнатите surround procesori се исто повисока класа. Така да во мојот сетуп за ова намена воопшто не ми треба класична соунд карта.
Верувам и не навлегувам.
Сепак тебе аудиофилијата ти е поголема болест од што ми е мене хардвероманијата. 
Зашто 8 ГБ РАМ? За да може да инсталирам Windows 7 64 бит, и да го сведам page fajlot на апсолутен минимум и да има што повеќе пуштање на фајловите директно од меморија без да се рчка дискот при самото свирење на фајлот . Ј River има опција за подесување да свири директно од меморија без да го рчка дискот (меѓутоа не знае дали е тоа стварно рам меморија или page file и ако користи паге филе пак го рчка дискот, па затоа ми е Page file -ot во Windows подесен на апсолутен минимум). Во одредени сетупи има разлика дали се користи оваа опција споредено со кога сепак рчка дискот при свирењето. (искрено кај мене со пуштање на музика од ССД -то и не приметувам разлика, меѓутоа приметувам разлика кога пуштам од НАС -от.
Не гледам поента ни во 8GB RAM. Всушност за HTPC и 2GB се оверкил. Башка рековме дека имаме SSD (Samsung 840 500GB
) па така е безсмислено да се има многу RAM.
Секако ова го зборам за исплатливост. Кога е во прашање ентузијазам и желба за играње со хардвер горепишаното не се важи. 
Веројатно целерон ќе биде доволно (го немам пробано ), меѓутоа сепак сакам мала резерва.. Мојот идеален баланс е посочениот Core i3

(Штета што го немаше на лагер), а и не е толку поскап од целерон во пари, поготово кога ќе се земе уделот на тој трошок во однос на целиот сетап

.
Што се однесува до НАС улогата на истиот компјутер.. Објаснувам цело време дека сакам да нема воопшто подвижни уреди, вибрации и топлина, па дефинитивно не доаѓа во предвид ни еден диск а камоли повеќе дискови потреби за НАС улогата.
За ССД -то.. Не ми треба повеќе од 256 ГБ. Главниот Storage ми е НАС -от. ССД то ми служи за пуштање на онаа музика што ми е актуелна во одреден период (паралелно си стои складирана на НАС -от). 840 про во случајов го имаше на лагер, ми праеше ќеиф а и и неговите перформанси сепак можеби влијаат да не можам да осетам разлика во однос на користење или не на page fajlot.
Што се однесува до power дизајнот на плочата, игра улога и стабилноста на напонот, Noise што се генерира и слично во квалитетот на звукот. Како што спомнав имав прилика да ова го споредам со моето друго HTPC (Fujitsu Q900), бидејќи ми направи разлика, отидов на ова решение. Второ нешто е Thermal Radar што ми овозможува фино подесување на вентилаторите.
Веќе објаснив за 8 -те GB RAM и page fajlot. Веројатно со 840 Про не би имало толку потреба (ама во тој случај требаат перфрмансите на 840 ПРо

) , меѓутоа РАМ -от е толку евтин, да воопшто не вреди да се замарам

Инаку земи во предвид дека просечна големина на песна што ја пуштам е 200 MB, a рипувани SACD -a 2 GB (така да не се слагам дека 2 GB RAM се баш најоптимална бројка

).
Дарко
p.s. Сето ова оди преку мојата мала термопечка (Предните стерео звучници. За центарот и задните користам други

) (зимно време дефинитивно фино ме грее

)
TermoPecka: KRELL FPB300C
http://www.tulipaudio.com/images/Krell_300c_01jpg.jpg http://img.canuckaudiomart.com/uploads/large/333794-krell_fpb_300c_wood_crated_rolls_royce.jpg http://i201.photobucket.com/albums/aa184/jensonav/1be712e2.jpg