Освен разликата во перформанси што ја спомна darko mk5 има уште една работа битна, што го прави десктопот примарен за професионална работа.
Тоа е ергономија.
Незнам колку од вас има седено на компјутер по 12 - 18 саати без поголема пауза и да работи.
После толку долго време поминато ќе ги забележите сите милиметри на движењето на рацете, телото.
Ако немаш удобно столче, добар монитор и поставен на одредена висина на очите, ергономска тастатура и маус, подобро не почнувај да работиш.
Јас имам добиено воспаление на рамо и рака од цртање на лап топ со тие мини мауси.
Од тогаш лап топ не сакам да видам, камоли да работам на него.