@Krell
Зарем не ја свати иронијата во претходните неколку мои постови? 
За HTPC кое треба да пушта 4К содржини се што е над Celeron G е оверкил и тотална глупост. Идеална HTPC конфигурација која има се што може да ти притреба и да посакаш:
Матична плоча со Intel B75 чипсет со HDMI и DVI видео излез, нативни USB 3.0 и SATA 3.0 (Пример Asus P8B75-M LX)
Процесор Intel Celeron G 1610
Меморија 2x2GB DDR3-1333
Дополнително за аудиофил како тебе може да се вклопи и звучна карта. И ако веќе сакаш да ти лета пребарувањето на музика можеш да ставиш SSD, но многу поефтино од 840 Pro. На пример со обична 840-ка ќе завршиш работа подеднакво ефективно како и 40% поскапата 840 Pro.
За пуштање на Full HD содржини можеш да поминеш и со многу послаба конфигурација, т.е. многу послаб процесор и графика, на пример со APU каков што е AMD E350.
Што се однесува до потрошувачката на било кој процесор, тоа не е константна величина (како на пример кај сијалица) туку е променлива(функција) која зависи од многу фактори меѓу кои најбитен фактор е колку процесорот е оптоварен во дадена точка од времето.
Поконкретно потрошувачката се дели на статичка и динамичка:
P(t) = Pstaticko + Pdinamicko(t), каде
Pstaticko е статичката потрошувачка на процесорот поради протекување на минијатурни струи на полупроводните елементи позната како leakage која зависи од производствениот процес, грешките/остапките при процесот на литографија и самата архитектура на процесорот.
Pdinamicko(t) = F(t) * U(t)^2 * c(t), односно
Pdinamicko е производ од фрекфенцијата на процесорот во одредена точка од времето помножена со напонот на квадрат во истата таа точка од вреемето и помножено по кумулативната капаситанса во таа точка од времето. Кумулативната капаситанса е електричниот товар кој го формира логичкото коло за зададениот товар на процесорот (CPU load) во таа точка од времето.
Toa 55W кое го спомнуваш не означува потрошувачка на процесорот туку TDP (thermal design power) кое е параметар кој ја дефинира моќноста на ладењето односно колкава снага треба ладењето да може да превземе од процесорот и предаде на околината за тој да не се прегрее при континуиран максимален товар со реални апликации. Притоа формулата за добивање на TDP е различна кај различни генерации на процесори кај Intel и AMD и е предмет со кој производителите манипулираат, т.е. ја прикриваат не-ефикасноста на процесорите кои ги продаваат и ги доведат во заблуда своите купувачи.
Не ја сватив иронијата

, барем не во целост
Што се однесува на потрошувачката на процесорот, лошо се објаснив и изразив во брзањето сабајле. Идејата е да процесорот ослободува што помалку топлина и да може да се олади на што по пасивен начин и со што помалку подвижни делови , а да во исто време да не е преслаб.Исто дефинитивно таа вредност не е константна цело време туку зависи од многу фактори, и во мојот случај ми е подесено да процесорот што помалку грее во апликациите што ги користам на начин да место да правам, overclock (К верзија земав бидејќи немаше обична, инаку воопшто не ми треба), користам многу конзервативни вредности со цел да ми грее што помалку и да вентилаторот ми врти што помалку (ќе пробам во иднина да ставам само пасивен кулер без воопшто вентилатор).Процесорот што го посочив е идеален баланс од сите барани карактеристики (не грее (дефинитивно е лесно изводливо да се користи само пасивно ладење), доволно е јак, и има доволно јака графичка за да работи све беспрекорно (пуштање филмови/музика, не игри).
Исто SSD -то не е ставено ради потреба од брзина на пребарување.
SSD -то е ставено да повторно нема подвижни делови и вибрации што би ги предизвикал хард дискот , и да имам што попасивно ладење во самото куќиште (самиот ХДД генерира повеќе топлина него ССД). Се слагам дека било кој SSD ќе ја заврши работата , не мора Samsung 840 Pro. Моделот го одбрав бидејќи веќе кога купувам сакав да одам со најдобрата верзија што може да си ја приуштам.
Што се однесува до изабраниот chipset и плоча.. Многу е битно како е решено напојувањето на самата плоча и колку стабилни се тие вредности. Споредувајќи го начинот на изведба не наидов на доволно квалитени солуции кај послабите плочи. Затоа имав дилема измеѓу Sabetooth Z77 i Maximus Formula . Важноста на овој дел веќе имав можност да го споредам со моето друго HTPC (тоа отиде во спална), а е во форма на Fujitsu Q900.
Пошто ме мрзи да куцам еве нешто околу тоа:
http://www.hardwaresecrets.com/article/Everything-You-Need-to-Know-About-The-Motherboard-Voltage-Regulator-Circuit/616/4Што се однесува до звучна карта.. Со сета почит према ASUS ST или STX, сепак се во друга класа во однос на Benchmark DAC1 Pre (што е екстерен DAC, а мене ми игра улога на звучна карта).
Benchmark -ot го споредував со DAC -ови во ценовен ранг 2000-10000 еур, и да речеме дека звучи подобро или на исто ниво со доста од нив (ќе имаш прилика да се увериш).
Исто има предпојачалска улога (мада го користам исклучиво за Passtrough моде од surround procesorot), која што ме изненади бидејќи подобро ми звучеше од McIntosh C2300 preamp кој што е 5 пати поскап од Benchmark -ot а нуди само преамп без DAC.Оваа споредба ја правев и кај мене дома, и во Kirov High End во Софија, и дојдов до идентичен заклучок.До тогаш имав предрасуда дека компјутер може да се користи како High End аудиофилски транспорт и дека може да се спореди со некој High End CD Player/Preamp (споредбата ја правев и Benchmark против McIntosh CD Player/McIntosh Preamp Комбинација) (тоа направи да го продадам McIntosh -ot , и да не купам поскап CD Player).
Еве и чисто информативно ревју за тој мал уред :
http://www.stereomojo.com/Benchmark%20DAC%201%20Pre%20Review/BenchmarkDAC1PreReview.htmhttp://tonepublications.com/REVPDF/Benchmark_DAC1_Pre.pdf Што се однесува до surround спомнатите surround procesori се исто повисока класа. Така да во мојот сетуп за ова намена воопшто не ми треба класична соунд карта.
Зашто 8 ГБ РАМ? За да може да инсталирам Windows 7 64 бит, и да го сведам page fajlot на апсолутен минимум и да има што повеќе пуштање на фајловите директно од меморија без да се рчка дискот при самото свирење на фајлот . Ј River има опција за подесување да свири директно од меморија без да го рчка дискот (меѓутоа не знае дали е тоа стварно рам меморија или page file и ако користи паге филе пак го рчка дискот, па затоа ми е Page file -ot во Windows подесен на апсолутен минимум). Во одредени сетупи има разлика дали се користи оваа опција споредено со кога сепак рчка дискот при свирењето. (искрено кај мене со пуштање на музика од ССД -то и не приметувам разлика (можда се должи на перформансите на 840 про), меѓутоа приметувам разлика кога пуштам од НАС -от. Кога користев HDD овие разлики дефинитивно беа приметливи, па затоа одам со овој пристап.
поздрав
Дарко