Гојдо, ти си печен за исклучување на page file и кеширање све живо во меморија Tогаш i/o latency ќе ти бидат 0
Јок. Последен пат кога пробував пред 4 години имав 8GB. Не ми функционираше Фотошоп затоа што МОРА да постои page file фајл кој е голем колку RAM-от (препорачливо е x1.5). Исто не ми работеа и други апликации и ме заебаваше и некоја игрица(најверојатно Crysis при вчитување на нивоа). Да можеше да се смести пејџ фајлот на РАМ драјв ќе пробав и таква комбинација. Во секој случај, имам експериментирано со SQL база сместена на RAM Drive. Фрапантно е колку побрзо манипулирањето, едноставно ко да нема потреба од индексирање.
Како и да е, мислам дека сеуште не е исплатливо да се оди на варијанта SSD, но полека и сигурно ќе си го преземат приматот. HDD како и сите механички уреди треба да заминат во историјата.
Пред многу години, читав една статија во SPECTRUM за холографски запис со кој своевремено можеа на парче (специјален) кристал си волумен од 1см кубен да се запишат петабајти од податоци, запишани во шитови од по неколку стотини терабајти така што се пристапуваше (читаше/пишуваше) по еден шит истовремено. Трансферот беше ограничен на преформансите на тогашнaта CMOS SRAM. Уште од тогаш ми стана јасно дека иднината ќе биде во оптичкиот запис и дека SSD и сличните технологии на неа се само пролазна ствар која ќе постои релативно кратко време. Нешто слино како LCD.
@zippo
Во принцип дрндаме околу ирелевантни работи за земјата и човештвото.
Ако стварно те интересира нешто и не ти е јасно, цитирај го делот и ќе се потрудам најпластично да го објаснам.