Falanga не се 12-15ms туку се под 10ms, реално мерени.
Како и да е, во секој случај жртва ќе биде времето на пристап со хард-диск.
Муабетот беше дека и не е така нај-неопходен SSD како што мили Дени во оној примерот со SSD 64GB + 500GB HDD. На пример мене ми е нелогично да склопам ноутбук од 500 евра со тиња(бавен и енергетски неефикасен) процесор, тиња графика (колку да се има слика) и малку RAM, но да има некаков SSD од 64GB со кој ќе кубурам за простор и за 70 евра ќе купам дополнително хард-диск од 500GB кој можда ќе нема каде да го приклучам па ќе морам да го носам како екстерен врзан на USB. Пример Intel Pentium P6200 (2.13GHz, 3MB, no HT) CPU, ATI Radeon HD6370 1GB DDR3 VRAM VGA, 2GB DDR3 RAM, 64GB SSD + 500GB 5400RPM HDD.
Многу ми е пологично за 570 евра да купам ноутбук со драстично подобри(побрзи и енергетски поефикасни) процесор и графичка картичка, повеќе РАМ и брз хард-диск од 640GB.
Core i5 (3.2GHz, 3MB, HT, TB) , ATI Radeon 6570 2GB, 4 или 8GB DDR3, 640GB 7200RPM HDD или пак ако не ти треба подобра графичка да земеш побрз процесор, на пример Core i7, или пак истата комбинација но со хибриден диск HDD/SSD.