2. i7 е тотална глупост да се купува ако се нема SSD. (hint: HyperThreading, 8 threads да работат со Hard drive со 15ms seek time?). Алал вера.
Воопшто не се согласувам. Еве јас немам SSD, а имам i7. Имав и се останато од Core 2, K8, K10, K10-2. Разликата во перформанси при користење на соодветен софтвер во однос на се останато е евидентна и со и без SSD.
За мене е глупост да имаш само едно SSD и/или SSD-а кои не се high-end. Има смисла да се земат 3+ SSD-а врзани со хардверски RAID контролер во RAID0.
3. Квалитетот на електричните напојувања (освен оние кои се продаваат за 5 евра) не е толку битен колку што е битен квалитетот на струјата која доаѓа преку линијата.
Не се согласувам. Квалитетот на напојувањето е пресуден за стабилната работа и животот на хардверот. Тие од 5 евра не треба да се есапат, а да купиш такво и да го користиш е исто како да купиш кондури за мртовци за да ги носиш.
Патем, не е само квалитетот битен, битна е и моќноста која може да ја даде на секоја од 12V линии поединечно и групно.
350W...хмм. А како ти звучи следното:
Asus P6T Deluxe V2
Intel i7 920 (2.66GHz ---> 4GHz @ 1.325V - само процесорот ближи 200W)
ATI Radeon HD5870 (850/1200 ---> 965/1265, +0.1V)
Точно!!!
i7-920 на 4GHz со 1.35v vCore при 100% реално оптеретување влече 200W. На компјутерот имам уред за мониторинг на потрошувачка на напојувањето во реално време. Процесорот, Core i7-920 ми е оверклокуван на 4.2GHz на 1.35v.
Разликата во потрошувачка од idle до 100% оптертување, надминува 200W.
Едноставно со зголемување на system bus-от, тие процесори драматично ја зголемуваат потрошувачката. Згора на се и покачените напони за да работат стабилно.
Понатаму, имав и Radeon 5870 за моја употреба, а во еден период земав и втора за експерименти. Притоа двете оверклокувани на 975/1300 на фабрички напони. При правење на синтетички бенчмарци потрошувачката одеше и до 750W, за време на играње од 600W до 700W. Со една картичка, потрошувачката паѓа за 100~150W.
Напојувањето кое го користев беше Cooler Master Extreme 1KW со 4 12V линии кои можат да дадат по 30А поединечно или 80А комбинирано.
Ако се земе во предвид дека при оптеретување над 40% ефикасноста на напојувањето е над 80% можеме бројките да ги помножиме по 0.9 и да добиеме пореални/поточни бројки во однос на потрошувачката после напојувањето. Со други зборови и те како игра улога моќното напојување во еден ваков систем.
Што се однесува до квалитетот на напонот кој го дава напојувањто, што е директно поврзан со квалитетот на самото напојување, тој игра круцијална улога за животниот век на сите компоненти, а неквалитетните напони се извор на нетабилност. Ова е посебно забележително кај оверклокуваните конфигураии, а најизразено во случај на оверклокувана хај-енд конфигурации кои во прицнип имаат исфорсиран хардвер.
Затоа за добар оверклок основно е да се има одлично напојување, одлично ладење и одлична матична плоча. И не само за овие туку и за животниот век на било која конфигурација овие три компоненти се најбитни. Секогаш би скратил на други заебанции пред да скратам на матична или напојување. А кај нас за жал, од неукост и од немање пари или несакање да се инвестира во нешто кое на прв поглед не е опипливо(на пример разликата од подобра графичка веднаш се гледа при играње, но придобивките од квалитетното напојување неможеш веднаш ги увидиш), се купуваат конфигурации со несоодветни напојувања, матични плочи и ладење.