Автор Тема: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?  (Прочитано 101058 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #90 на: 01 Февруари 2012, 12:30:16 pm »
па мислам ако не земаш возило од залиха неможе да чекааш да ти го донесат да го видиш па да кажеш дали го сакаш или не, затоа оставаш капар и така натака...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #91 на: 01 Февруари 2012, 12:31:27 pm »
Imav pred toa ostaveno kapar se sekjavam 100DM bar ako se sluci da goram da izgoram malce :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #92 на: 01 Февруари 2012, 16:04:48 pm »
Значи вака: Ние коа бевме заинтересирани да купуваме колата првин отидовме кај еден дилер на првомајска што исто продава Рено и Дачија.

На лагер имаше еден Меган берлина црвен без клима и тој го даваше 400-500 поевтин... Стариов се попали пошо он гледаше шо поевтино да излезе ама по долго убедување од моја страна не го зема.

Го прашав продавачот зошто у цела европа колата се продава со клима оваа не е? Тој ми кажа дека они како дилери им се јавуваат на Рено и ги порачуваат со што е можно пониска цена, а они на сметка на опремата намалуваат цена.

Поминаа 4-5 месеци и решивме конечно да купуваме, на лагер имаа еден седан дизел со опрема ClimPack што вкључуваше магленки, 8 воздушни и сл. Стариот повторно праша дали може да се одземе опрема и каков попуст би се добил. Тие му одговорија дека има можност да се порача Меган без магленки и со 6 воздушни и попустот би бил 300 еур. Што беше стварно смешно.

Уз праење мубет со продавачот тој кажа дека коа ќе се земе колата во рок од 24 часа може да се врати од било која причина и таа ќе се замени за друга...

Тоа помина ја купивме таа што беше на лагер која не ја ни видовме и не ни покажаа што купуваме што јас мислам дека тоа беше голема грешка од наша страна... После неколку дена возење и поседување забележав дека Air Bag -от на задната лева врата не лежи ко што треба ја однесовме на сервис и рекоа дека ќе стават нов... Тука веќе нешто ми стана сомнително бидејќи ми беше чудно како прошла на финална контрола, како дозволиле да напраат таков пропуст. И си реков ај може по грешка се случува...

Се ми стана јасно дури и малку се разочарав коа отидов на екскурзија во Турција, на секој чекор Меган седан се прашував што е работава. Не однесоа на слободни активности и шопинг во Измир и за моја среќа или несреќа и не можев да поверувам на плоштадот во Измир за прв пат го претставуваа Флуенсот. Ова ми беше шанса да праша некој од представнивите на Рено зошто тука има само Меган седан. Му објаснив убаво дека имам Меган и се по ред и тој ми одговори: All sedans of Renault are made in Turkey :) Тоа некако ми дојде како не пријатна вест...

Кога си дојдов дома прочепкав на интернет и видов дека фабриката во Турција е најголема фабрика на Рено во светот и дека таму се прават повеќето делови за сите Реноа и тоа некако ми олесни :) А уште повеќе ми олесни статијата на Авто + кога дадоа репотажа за фабриката во Бурса... Некои од другарите уште сакаат да ми го спуштат тоа како мојата кола била Турска и била лиценца ама тоа не проаѓа... :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #93 на: 01 Февруари 2012, 16:11:17 pm »
И сега Флуенсот е Турски. Турска знае да прави и чкартојна, ама сега кина го зема приматот. Како и да е и Турска знае да прави и врвни ствари, од секој аобласт. Искрено ми е безвезна флуенсот и некако не ми преви мерак, па не сум и обрнал внимание.

Сакам да кажам дека ако е од Турска, немора да значи дека е лоша, но немора да значи дека е добра исто така.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #94 на: 01 Февруари 2012, 16:14:24 pm »
И сега Флуенсот е Турски. Турска знае да прави и чкартојна, ама сега кина го зема приматот. Како и да е и Турска знае да прави и врвни ствари, од секој аобласт. Искрено ми е безвезна флуенсот и некако не ми преви мерак, па не сум и обрнал внимание.

Сакам да кажам дека ако е од Турска, немора да значи дека е лоша, но немора да значи дека е добра исто така.
Ако прашуваш дали е Турски, да Турски е!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #95 на: 01 Февруари 2012, 16:20:25 pm »
Кажувам дека е турски, со точка на крајот. :)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #96 на: 01 Февруари 2012, 17:01:35 pm »
Има некогаш и фатални грешки...
Као со 206ката седан што чкрипи сета.. многу случаи моторот го отвараат уште на 10 000км, електрика откажува едно друго - ИРАН.
Тасовите се приказна за себе (мене многу добро позната за жал).... кој немал уште една двојка странска, до сега од „тасот“ не видел лезет (ниту од таштата :P )
Шкодата иди од Романиа... како можи кај нас уште шкодите да не чинат, а во германија да стануваат многу посакувани...?
Е сега , ако некој донесол од германија фабиа од претходната генерација сигурно знае што е квалитет на шкода.

Дури и една проста фирма како Застава знае дека за амерички пазар треба дупло поголем квалитет... Кој имал југо америка, па обична 45ка знае за што зборувам...


Мечката ја склопуваат и во индија, а ние мислиме германска кола возиме... оф мори мајко...

Меганот турски не е лош, ама слабо се покажуваат завршните фази од склопувањето...стално има нешто што бега дури и на прв поглед... :(
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #97 на: 01 Февруари 2012, 17:23:28 pm »
Друже, нешто си утнал. Шкода не се произведува во Романија.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #98 на: 01 Февруари 2012, 17:23:41 pm »
Abe lugje alal da Vi e. Kupuvate na nevideno. Abe na nevideno i neprobano nema greska. Ako sakam da kupam nova kola od salon se znae prvo da ja vidam da ja iskontroliram i posle toa da odlucam dali ke ja kupam. Ne kupuvam na slepo i tocka. Po moznost ako Vi dozvolat pobarajte da svrtite i krugce so kolata pred da ja iskesirate (test vozilo) da go osetite modelot. I sekako prvi da sednete vo Kolata i da skinete folii (ljunfer). Vadenjeto folii od sedista e poseben ritual no za kogo kako. Pred zemanje otvoranje oci detalen pregled na voziloto - zemete strucen covek da Vi proveri sve, proverka na site delovi data na proizvodstvo i koj e proizveduvac (ECU, bobini, elektronika, farovi i dzirnete na internet dali za toj model sleduvaat tie delovi I ZA KOI PAZARI vo kakva kompletiranost se nudi.
Na primer vo eden model od ista serija za nekoi pazari ima Valeo Alternator (cij remont e nesporedlivo poskap od Bosch) a za nekoi se nudi so Bosch itn...
Na ist model moze da ima i nekolku elektroniki. Poguglajte na forumi i videte koja e najbesproblemnata i proverete dali ja imate taa.. Barem denes e lesno ima internet i sve se znae. A posle e kasno otkako ke ja kupite, pagjate vo racete na dealerot i toj Ve vozi kako saka.
Sepak sekoj odlucuva za sebe si. No generalno poradi toa sto znaeme kakvi izmamnici se dilerive kaj nas nisto ne e cudno.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #99 на: 01 Февруари 2012, 17:28:01 pm »
Ти дај ми Мечка, а дали е од Индија или не тоа јас ќе му ја мислам. Глупости.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #100 на: 01 Февруари 2012, 17:32:41 pm »
Друже, нешто си утнал. Шкода не се произведува во Романија.
На балканот шкодите стигаат директно од чешка...
ама слабо се покажуваат завршните фази од склопувањето...стално има нешто што бега дури и на прв поглед... :(
Потполно се согласувам :) јас имам другар кој купија меган седан, и тоа со фул опрема, дури и завеси на задни стакла, го платија некаде околу 20 000 евра, беше со крем кожа т.е. крем внатрешност... Стварно беше фул, но ме разочара после брз период почна да се лупи гумираното на пластичните рачки за затварање на вратите, и околу копчињата на стаклата, и одоздола најникаква црна пластика, епа маме му ј***м плакам кола 20к и пластиката не ја излеале со крем боја... Е сега оди види меган донесен од холандија со 250 000км и ист таков купен од мк со 100 000 км и направи споредба... Немам ништо против меган, само кажувам искуство :) и не е се исто од каде е потеклото на колата...

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #101 на: 01 Февруари 2012, 17:34:24 pm »
Фабриката на рено во турција е фабрика во која мнозински пакет на акции има рено. Додека производството на Пежо во Иран го прави компанијата Iran Khodro која е Иранска и произведува најразлични модели по лиценца, т.е Пежо не е сопственик на производните капацитети.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #102 на: 01 Февруари 2012, 17:49:50 pm »
Moze 206 od Iran nema maka za 5000 EUR nova BEZ OPREMA odma bi kupil za tie pari. Sepak e 206, poznat motor i lesno za odrzuvanje i plus ne gledam pricina da ne pomine povekje od 100000Km bez pipanje samo redoven servis i vozi. abe NOVA KOLA, pali i vozi i ne misli do 100000Km.
Ama za cenata sto se nudese ne ja ni poglednuvav 9990 EUR E 50% POVEKJE OD REALNATA CENA NA TAKVO NOVO VOZILO !
Ili ne daj boze Fiat sklopuvan vo Zastava, poskap od Punto sklopeno vo Italija. Naprotiv treba da e barem 30- 40% poeftin.
Ona sto bese Matiz (5000 EUR) nov od salon, najdobra ponuda na pazarot ama za zal sega nema takvi koli. Sega Sparkot e poskap i toa bajagi. Jest da e pogolem ama e skap.
Ako ima takvo novo vozilo pa makar i kinesko za 5000 EUR (Cherry QQ na primer) bi pravelo lom na pazarot i realno 80% prodazbite bi gi odnelo toa.
Koga Nivata bese 6600 EUR bez oprema NOVA od salon procitav deka vo MK ima primat vo prodazbata ! Aj sea idi zemi ja istata taa Niva sto bese 6600 EUR vo 2004/5, sega e 8900 EUR ako ne se lazam...
Veruvam da ostanese 6600 EUR ke bese prva vo prodazba.

Neka se ponudi nesto takvo i togas ke bide ubedlivo najprodavano.
 

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #103 на: 01 Февруари 2012, 20:41:25 pm »
Доста пофални зборови има еден член на форумот кој зел на ново Volkswagen Pasat кој дал еден куп пари по сервиси!
Навистина нај квалитетни се возилата  Vw ......


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #104 на: 01 Февруари 2012, 20:54:35 pm »
Милиони такви примери ќе најдеш за некој што земал нешто на ново и го окапал по сервиси, без разлика од каде потекнува (географско потекло, бренд итн итн...).

Од друга страна, можеш да најдеш нешто на старо шо ќе го земеш, па душата да му ја извадиш од возење, и сервис да не види (освен редовен нели :)).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.