Значи вака: Ние коа бевме заинтересирани да купуваме колата првин отидовме кај еден дилер на првомајска што исто продава Рено и Дачија.
На лагер имаше еден Меган берлина црвен без клима и тој го даваше 400-500 поевтин... Стариов се попали пошо он гледаше шо поевтино да излезе ама по долго убедување од моја страна не го зема.
Го прашав продавачот зошто у цела европа колата се продава со клима оваа не е? Тој ми кажа дека они како дилери им се јавуваат на Рено и ги порачуваат со што е можно пониска цена, а они на сметка на опремата намалуваат цена.
Поминаа 4-5 месеци и решивме конечно да купуваме, на лагер имаа еден седан дизел со опрема ClimPack што вкључуваше магленки, 8 воздушни и сл. Стариот повторно праша дали може да се одземе опрема и каков попуст би се добил. Тие му одговорија дека има можност да се порача Меган без магленки и со 6 воздушни и попустот би бил 300 еур. Што беше стварно смешно.
Уз праење мубет со продавачот тој кажа дека коа ќе се земе колата во рок од 24 часа може да се врати од било која причина и таа ќе се замени за друга...
Тоа помина ја купивме таа што беше на лагер која не ја ни видовме и не ни покажаа што купуваме што јас мислам дека тоа беше голема грешка од наша страна... После неколку дена возење и поседување забележав дека Air Bag -от на задната лева врата не лежи ко што треба ја однесовме на сервис и рекоа дека ќе стават нов... Тука веќе нешто ми стана сомнително бидејќи ми беше чудно како прошла на финална контрола, како дозволиле да напраат таков пропуст. И си реков ај може по грешка се случува...
Се ми стана јасно дури и малку се разочарав коа отидов на екскурзија во Турција, на секој чекор Меган седан се прашував што е работава. Не однесоа на слободни активности и шопинг во Измир и за моја среќа или несреќа и не можев да поверувам на плоштадот во Измир за прв пат го претставуваа Флуенсот. Ова ми беше шанса да праша некој од представнивите на Рено зошто тука има само Меган седан. Му објаснив убаво дека имам Меган и се по ред и тој ми одговори: All sedans of Renault are made in Turkey
Тоа некако ми дојде како не пријатна вест...
Кога си дојдов дома прочепкав на интернет и видов дека фабриката во Турција е најголема фабрика на Рено во светот и дека таму се прават повеќето делови за сите Реноа и тоа некако ми олесни
А уште повеќе ми олесни статијата на Авто + кога дадоа репотажа за фабриката во Бурса... Некои од другарите уште сакаат да ми го спуштат тоа како мојата кола била Турска и била лиценца ама тоа не проаѓа...