Автор Тема: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...  (Прочитано 476100 пати)

Отсутен Ezekiel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1800 на: 24 Декември 2015, 08:28:29 am »
Слушнав на вести дека ќе ја кревале границата за данок за царина од 45 на 150 евра. Значи се под 150 евра би се царинело..


Чисто да напоменам, па ако стапи во сила да си пазите..
Cogito ergo zoom

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1801 на: 24 Декември 2015, 09:24:22 am »
би се или не би се?
пошто сега нели под 45 не се царини, ако е крената границата на 150 ваљда под 150 нема да се царини

Отсутен Ezekiel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1802 на: 24 Декември 2015, 09:39:09 am »
аааа видиш не сум разбрал.. могуќе да е тоа

http://www.utrinski.mk/?ItemID=F70CA5B8CE3A444DB18317106F8877E7
Cogito ergo zoom

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг:
« Одговори #1803 на: 24 Декември 2015, 09:39:33 am »
Нема да се.

Ќешќи да стапи ја 300 години чекам веќе.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1804 на: 24 Декември 2015, 10:04:12 am »
Без европски данок, без наш данок, па уште и на акција да биди, стока од 200 евра на пола цена ќе можиме да ја земаме.  ;D

Ама мене ова тешко веројатно...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1805 на: 24 Декември 2015, 10:05:28 am »
Амуеам, кај мене нејќе УСБ лампица да стигне, што е долар ипол на АлиЕкспрес, а не па друго нешто да нарачувам :(
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1806 на: 24 Декември 2015, 10:23:59 am »
Царината е смешна во однос на ДДВ. Да потсетам за нарачки од ЕУ нема царина. Така да, џабе не се радувајте.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44964
  • Il Moderatore
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1807 на: 24 Декември 2015, 10:26:16 am »
Мене ми ги оцаринија Eibach-от. Не е баш дека нема... на фактура со транспорт од под 140-тина евра, ми лупнаа царина и данок од скоро 50 евра.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1808 на: 24 Декември 2015, 10:31:16 am »
Царината е смешна во однос на ДДВ. Да потсетам за нарачки од ЕУ нема царина. Така да, џабе не се радувајте.
Јас мислев се ќе нема како сега до 45 еур. Не?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интер&#
« Одговори #1809 на: 24 Декември 2015, 11:26:19 am »
ДДВ и царина нема до 25 евра. Од 25-45 нема само царина. Од 45 па нагоре има и ДДВ и царина.

Истото е и за внес на граница по физичко лице. Ти нема да платиш царина на 350 евра но ДДВ ќе си платиш. Нормално ако имаш што да пријавиш :) или пак немаш па те фатат :)

Вака вели китапот, е сеа имате опции да им носите „прилагодени“ фактури онлајн скенирани итн итн али не се глупи, веднаш проверуваат колкава е цената на гугл.

Мене ми ги оцаринија Eibach-от. Не е баш дека нема... на фактура со транспорт од под 140-тина евра, ми лупнаа царина и данок од скоро 50 евра.

Ако земјата на потекло не е ЕУ тогаш има различна стапка на царина. Ако е, има тарифни ознаки кои потпаѓаат под царинење и кои не потпаѓаат. Не заборавај дека во вкупната цена од 50 евра давачки имаш и за лежарина, отварање, пакување итн ... :) кои често знаат да бидат колку и самите давачки (ДДВ и царина)
Во случајов ти си платил околу 25 евра само за ДДВ, остатокот ти е царина и горенаведените неизбежни „манупулативни“ давачки.
Освен ако не смениле па на посебна уплатница да се плаќаат тие.
« Последно менување: 24 Декември 2015, 11:31:45 am AllMightyMe »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1810 на: 24 Декември 2015, 12:57:19 pm »
Мислам дека 22 евра беше границата за ДДВ, али мање битно :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1811 на: 24 Декември 2015, 13:04:55 pm »
ДДВ и царина нема до 25 евра. Од 25-45 нема само царина. Од 45 па нагоре има и ДДВ и царина.

Истото е и за внес на граница по физичко лице. Ти нема да платиш царина на 350 евра но ДДВ ќе си платиш. Нормално ако имаш што да пријавиш :) или пак немаш па те фатат :)

Вака вели китапот, е сеа имате опции да им носите „прилагодени“ фактури онлајн скенирани итн итн али не се глупи, веднаш проверуваат колкава е цената на гугл.

Мене ми ги оцаринија Eibach-от. Не е баш дека нема... на фактура со транспорт од под 140-тина евра, ми лупнаа царина и данок од скоро 50 евра.

Ако земјата на потекло не е ЕУ тогаш има различна стапка на царина. Ако е, има тарифни ознаки кои потпаѓаат под царинење и кои не потпаѓаат. Не заборавај дека во вкупната цена од 50 евра давачки имаш и за лежарина, отварање, пакување итн ... :) кои често знаат да бидат колку и самите давачки (ДДВ и царина)
Во случајов ти си платил околу 25 евра само за ДДВ, остатокот ти е царина и горенаведените неизбежни „манупулативни“ давачки.
Освен ако не смениле па на посебна уплатница да се плаќаат тие.

За внесување на стока со вредност  до 350 евра не се плаќаат никакви давачки, ниту царина ниту ДДВ. Еве што викаат од Царинска Управа. Преземено од нивниот сајт. Извор

Патници / Правила и ограничувања во патнички промет      
СТОКА КОЈА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА
И НЕ ПОДЛЕЖИ НА ПЛАЌАЊЕ УВОЗНИ ДАВАЧКИ
Mакедонските и странските државјани се  ослободени од плаќање на увозни давачки (царина, ДДВ и акциза) за:
• стока за лична употреба во текот на престојот (личен багаж) *
• преработки од тутун:
        -  200 цигари, или
        -  100 цигарилоси (цигари со максимална тежина од 3 гр.по парче), или
        -  50 пури, или
        -  250 грама тутун за пушење, или
        -  сразмерна количина на различни преработки на тутун
• алкохол и алкохолни пијалоци:
        -  дестилирани и жестоки алкохолни пијалоци со процент на алкохол над 22%: 1  литар или
        -  дестилирани и алкохолни пијалоци и ап  еритиви со винска или алкохолна  основа со процент на алкохол што не надминува 22%: 2 литри и
        -   вино: 2 литри и
• парфеми: 50 мл
• тоалетна вода: 250 мл.
Ослободувањата за преработки од тутун и алкохол и алкохолни пијалоци не важат за патници помлади од 18 години.
Домашните патници се ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа со вредност до 350 евра. Во овие 350 евра ослободување не влегуваат алкохолни пијалоци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1812 на: 24 Декември 2015, 14:44:32 pm »
Е сеа иди разбери се со некој цариник што се подразбира под „стока од некомерцијална природа“

Дали е тоа производ само во еден број? Дали е тоа производ што не се наоѓа во малопродажба?

Можеби овде е опишано, само ме мрзи да читам се ...

http://www.finance.gov.mk/files/u7/DBA_ZA_POBL__KRIT__ZA_OSLO__OD_CAR__29-2005_.pdf

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1813 на: 24 Декември 2015, 15:03:58 pm »
Те разбирам што сакаш да кажеш. Кај нас едно е што вели законот друго е како се спроведува во пракса. Џокерот повикај пријател мора секогаш да го имаш во рака кога поминуваш граница а носиш стока за која не си сигурен дали ќе платиш царина или не.

Пример, вчера и купив на сопругата помошничка за свекрвата наречена машина за сушење алишта од Технополис во Ќустендил. Цена на машината по фактура беше 400 евра. Царина не ми бегаше пошто не сум близок со митничарите на Деве Баир, освен со еден, ама затоа со милиционерите (бивши колеги) гајле немам. Завршив работа и царина не платив.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #1814 на: 24 Декември 2015, 15:09:56 pm »
Јас гарантирам дека до 350 евра си ослободен од се. Купував маса за во трпезарија од Икеа. Пола Алфа беше полна со маса :D :D

Царинарникот ми побара фискална. И си викам сеа ќе ме офрчат 18%. Цената на масата беше 230 евра. Ми вика „добро е дечко немаш никакви давачки“.

Тогаш ми објасна за ова 350 евра. Не платив ни ДДВ, ни данок ни ништо.