Автор Тема: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...  (Прочитано 406980 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2880 на: 12 Август 2025, 20:35:04 pm »
Симни си Google Wallet и додади ја картичката. Треба да имаш nfc на телефонот само, ништо друго. Бара fingerprint или face id при верификација мислам.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2881 на: 12 Август 2025, 21:09:16 pm »
Само Google Pay или Apple Pay, особено во странство. Користат виртуелна картица.

Можеш да објасниш најпластично, за тотален нуб како мене. Што се треба да направам за такво плаќање? Гледам и со саати плаќаат.

Да речеме дека имам : Андроид телефон, и сметка во стопанска банка. (ќе се отвори во друга банка ако е потребно)

Треба банката прво да ти поддржува Google Pay или Apple Pay (Стопанска знам дека има Google Pay, Apple Pay сѐ уште не). За Стопанска конкретно, имаш тука инструкции:

https://www.stb.com.mk/naselenie/karticki/google-pay-vashiot-mobilen-telefon-vash-nov-paricnik/

Барај надолу Што е потребно за активирање Google Pay?

Во кратки црти ти треба мобилен банкинг и апликацијата Google Wallet. После преку Wallet апликацијата ја додаваш картичката и те пренасочува кон мобилната апликација на Стопанска за да го потврдиш додавањето. И тоа е тоа воглавном, после не знам како оди на Андроид за плаќање, на ајфон е со двоен клик на Home копчето, автоматски отвора скенер за лице и е спремно за плаќање.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2882 на: 12 Август 2025, 21:29:24 pm »
Отвара скенер за лице освен ако не го треснеш на плочки телефонот, па да немаш скенер за лице. Тогаш плаќаш со 6 цифрен код од телефонот.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2883 на: 12 Август 2025, 21:37:54 pm »
Google Wallet e светска работа, веќе неколку години го користам во комбинација со картичка од NLB, работи перфектно. Имав проблеми да поврзам картичка од Халк Банка.

Инаку, другар плаќаше патарини низ Србија со картичка, дур да стигнеме до Македонија, некој успеал да купи 160Е работи на интернет. Дали од патарини, или од друго место, ама најверојатно му ја сликнале/снимиле некаде.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2884 на: 12 Август 2025, 22:19:13 pm »
Google Wallet e светска работа, веќе неколку години го користам во комбинација со картичка од NLB, работи перфектно. Имав проблеми да поврзам картичка од Халк Банка.

Инаку, другар плаќаше патарини низ Србија со картичка, дур да стигнеме до Македонија, некој успеал да купи 160Е работи на интернет. Дали од патарини, или од друго место, ама најверојатно му ја сликнале/снимиле некаде.
Бреееј, заебана работа.

Ама па и ние истото го правевме во рани 2000-ти.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2885 на: 13 Август 2025, 00:13:22 am »
Плус супер корисна опција на гугл волето е шо можиш да додајш еден куп лојалти картици пример Веро, Жито, Сетек.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2886 на: 13 Август 2025, 08:07:35 am »
За плаќање со Google Wallet треба само да е отклучен телефонот, т.е. да е поминат во скоро време процесот на авторизација за отклучување (отпечаток, pattern, препознавање на лице или кој и метод да го користите).

Ако телефонот е отклучен малце подолго, бара од ново авторизација.

Иначе не знаев дека дава рандом број на картичка, сега уште повеќе го препорачувам како метод на плаќање, особено откако се воведе она "пин на секоја 5та бесконтактна трансакција" при плаќање со физичка картичка.

Уште еден бонус е моментот што не бара пинови за трансакции над (за мојата картичка) 2000 денари, што е доста честа појава во супермаркет последно време.

Го користам веќе 2 цели години откако го добив телефонов со NFC, сум имал проблеми само кога сум заборавил колку пари има останато на сметка ;D

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4017
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2888 на: 13 Август 2025, 11:17:40 am »
За плаќање со Google Wallet треба само да е отклучен телефонот, т.е. да е поминат во скоро време процесот на авторизација за отклучување (отпечаток, pattern, препознавање на лице или кој и метод да го користите).

Ако телефонот е отклучен малце подолго, бара од ново авторизација.

Иначе не знаев дека дава рандом број на картичка, сега уште повеќе го препорачувам како метод на плаќање, особено откако се воведе она "пин на секоја 5та бесконтактна трансакција" при плаќање со физичка картичка.

Уште еден бонус е моментот што не бара пинови за трансакции над (за мојата картичка) 2000 денари, што е доста честа појава во супермаркет последно време.

Го користам веќе 2 цели години откако го добив телефонов со NFC, сум имал проблеми само кога сум заборавил колку пари има останато на сметка ;D

Мене ми е наместено преку рутини да мора да влезам во Волет(двоен клик на пауер копче), за да се активира НФЦ. Нешо као дополнителна заштита.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен AstraH

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
  • BUKSNV
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2889 на: 13 Август 2025, 11:25:42 am »
Само Google Pay или Apple Pay, особено во странство. Користат виртуелна картица.

Можеш да објасниш најпластично, за тотален нуб како мене. Што се треба да направам за такво плаќање? Гледам и со саати плаќаат.

Да речеме дека имам : Андроид телефон, и сметка во стопанска банка. (ќе се отвори во друга банка ако е потребно)

Во двата случаи, најпрво е потребно банката да поддржува плаќање со дигитален паричник.

За Android (Google Pay) поддршката е поширока и достапна кај повеќе банки.

За Apple уредите (Apple Pay) моментално само НЛБ има поддршка, додека Комерцијална банка е во процес на имплементација, што треба да биде готово наскоро.

Процесот на додавање картичка е сличен кај двата типа на уреди.
Главната предност е што практично е невозможно податоците од картичката да бидат украдени и да се појават проблеми со неовластени трансакции, како што веќе имале некои членови.
Причината е што при плаќање со дигитален паричник, бројот на картичката никаде не се прикажува — наместо тоа, се користи уникатен код (токен) кој не може да се злоупотреби.

А за со саати е истата процедура само што треба да го додадеш саатот во соодветна апликација, (Google Wallet, Apple Wallet , Garmin Pay)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2890 на: 13 Август 2025, 11:43:42 am »
За плаќање со Google Wallet треба само да е отклучен телефонот, т.е. да е поминат во скоро време процесот на авторизација за отклучување (отпечаток, pattern, препознавање на лице или кој и метод да го користите).

Ако телефонот е отклучен малце подолго, бара од ново авторизација.

Иначе не знаев дека дава рандом број на картичка, сега уште повеќе го препорачувам како метод на плаќање, особено откако се воведе она "пин на секоја 5та бесконтактна трансакција" при плаќање со физичка картичка.

Уште еден бонус е моментот што не бара пинови за трансакции над (за мојата картичка) 2000 денари, што е доста честа појава во супермаркет последно време.

Го користам веќе 2 цели години откако го добив телефонов со NFC, сум имал проблеми само кога сум заборавил колку пари има останато на сметка ;D

И плус можеш да го користиш за онлајн плаќања кај што е поддржано (а било кој онлајн шоп што користи Stripe поддржува и Google и Apple Pay), и тоа ти е дополнително ниво на сигурност за да не внесуваш број на картичка онлајн.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2891 на: 13 Август 2025, 11:52:53 am »
Најдобра опција е да си сврзеш револут со гугл плеј и чиста работа. И во странство ако ти треба ќеш идеш на банкомат и си вадеш локална валута без провизија.

Отсутен AstraH

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
  • BUKSNV
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2892 на: 13 Август 2025, 11:59:29 am »
Работи Револут во Македонија,?
Во смисла дали можам да примам плаќања?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2893 на: 13 Август 2025, 12:09:32 pm »
Најдобра опција е да си сврзеш револут со гугл плеј и чиста работа. И во странство ако ти треба ќеш идеш на банкомат и си вадеш локална валута без провизија.

Револут не постои во Македонија. Го имаше некој месец, ама само за примање плаќања, не издаваа картичка, и после си заминаа.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2894 на: 13 Август 2025, 12:47:26 pm »
Google Wallet e светска работа, веќе неколку години го користам во комбинација со картичка од NLB, работи перфектно. Имав проблеми да поврзам картичка од Халк Банка.

Инаку, другар плаќаше патарини низ Србија со картичка, дур да стигнеме до Македонија, некој успеал да купи 160Е работи на интернет. Дали од патарини, или од друго место, ама најверојатно му ја сликнале/снимиле некаде.
За на халк ова го пробуваше https://halkbank.mk/halkpay-mk.nspx ?