Само Google Pay или Apple Pay, особено во странство. Користат виртуелна картица.
Можеш да објасниш најпластично, за тотален нуб како мене. Што се треба да направам за такво плаќање? Гледам и со саати плаќаат.
Да речеме дека имам : Андроид телефон, и сметка во стопанска банка. (ќе се отвори во друга банка ако е потребно)
Во двата случаи, најпрво е потребно банката да поддржува плаќање со дигитален паричник.
За Android (Google Pay) поддршката е поширока и достапна кај повеќе банки.
За Apple уредите (Apple Pay) моментално само НЛБ има поддршка, додека Комерцијална банка е во процес на имплементација, што треба да биде готово наскоро.
Процесот на додавање картичка е сличен кај двата типа на уреди.
Главната предност е што практично е невозможно податоците од картичката да бидат украдени и да се појават проблеми со неовластени трансакции, како што веќе имале некои членови.
Причината е што при плаќање со дигитален паричник, бројот на картичката никаде не се прикажува — наместо тоа, се користи уникатен код (токен) кој не може да се злоупотреби.
А за со саати е истата процедура само што треба да го додадеш саатот во соодветна апликација, (Google Wallet, Apple Wallet , Garmin Pay)