на граница влегувам во мк, и носам вбагажник пластични кутии од Икеа, една торбица од аутлет, банани и лименки фанта од Лидл и најбитното, два задни амортизери Монро (80€) за мојата кола.
Му пријавувам на цариникот се шо носам
Грешката ти е што си ги спомнал амортизерите.
Другпат ќе му кажеш дека немаш ништо да пријавиш, сето се работи за лична употреба од Икеа/Лидл/итн и повели еве ги на увид фискалните сметки (со десетици и повеќе ситници кои сигурни си ги испокупувал).
Ти со жена ти или со другар, заедно смеете до 700 евра работи за лична употреба да внесете ама подобро е да се на одделни сметки, а „спорните“ работи како амортизерите или алат/итн, сместени најпозади под купот други работи. Не мораш ти по ставка да наведуваш дека си земал h,y,z, едноставно му ги нудиш сметките повели види, ќе отворам гепек провери. Итн. Во 9 од 10 ситуации нема ни сметките да ги погледне, или ќе побара само површно во гепек да ѕирне. Пак сето тоа се работи за лична употреба, освен ако не си земал 10 амортизери или повеќе од два исти алати, итн. Во тој случај може да ти спори дека се за лична употреба. Ама поентата е да не спомнуваш работи за кои може да се закачи да те малтретира. Он и по службена должност мора да провери кога ќе се спомнат некои такви работи.
ахахаххах,
јас преку граница пренесувам фарови, и тоа пешки од пошта ги земав
Де кажи повеќе за тоа поштата. На поштенски фах си нарачуваш? Кај Битола преминот?