Автор Тема: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...  (Прочитано 407137 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
- Смееш, само мора да се царини, еве ова пример, лименките бананите се предмети за лична употреба, амортизериве не...
Како да правиме, ми вели?
- Шо знам, не знам, како ќе кажиш..., јас

ахахаххах,
јас преку граница пренесувам фарови, и тоа пешки од пошта ги земав
царирникот. што е тоа.
фарови, отвори, ааа добро користени(они сеуште заштитна фолија имаа)
фала пријатно.

мислам дека само гуми се забранети за внес се друго е до одредена сума, над таа сума може да те тера царина да платиш.

Апсолутно, нема никаде во закон дека автомобилски делови мора да се царинат на било која сума. До 350 евра можеш да внесеш без проблем.

Имаше хорор приказни, споделувани тука на форум дека им правеле проблем на луѓе кои правеле тјунинг во Бугарија или во Солун.

Да речеме МИСЛАМ дека беше причата за синот на газдата на Винчини, (не се сеќавам сега што кола беше), ја правел колата во Софија.

Колата била месец дена во Софија и на влез во Македонија нашиве му напнале да отвори мотор ова она, и као виделе нови делови и почнале да го малтретираат да плаќа царина.

Пак ќе кажам, чаршиски муабети, ама не би ме изненадило да има такви флеки од царинарници за да им пуштиш нешто под рака.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Беше тоа винички голф 4 и навистина човекот плати

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Предмети за лична употреба во царинскиот закон мислам никаде не се точно дефинирани, сива зона е и изгледа за да можат да ме дупат од царина.

Јас да не се заречам, пола кола имам донесено од Германија во Македонија, досега сум немал проблеми. Тие нашите долу Меџитлија немаат работа, по 5 коли во денот врват и се занесват нешто.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Предмети за лична употреба во царинскиот закон мислам никаде не се точно дефинирани, сива зона е и изгледа за да можат да ме дупат од царина.
Јас сум поминал со 10евра за гиро да каснат. Пробав да ги скријам делововите ама многу беа. Па ајде записник па ајде да не прајме и со гиро пари ме пуштија.
И фино лепо ми рекоја дека за твоја кола можиш до 350 евра да донесиш. Демек ко ќе прашам шо имаш да пријавиш, ќе кажиш ова и ова. Мене ми бараа собраќајна демек да видиме дали за твоја кола се работи. Мене колата на мајстор растуерна...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
- Смееш, само мора да се царини, еве ова пример, лименките бананите се предмети за лична употреба, амортизериве не...
Како да правиме, ми вели?
- Шо знам, не знам, како ќе кажиш..., јас

ахахаххах,
јас преку граница пренесувам фарови, и тоа пешки од пошта ги земав
царирникот. што е тоа.
фарови, отвори, ааа добро користени(они сеуште заштитна фолија имаа)
фала пријатно.

мислам дека само гуми се забранети за внес се друго е до одредена сума, над таа сума може да те тера царина да платиш.

Апсолутно, нема никаде во закон дека автомобилски делови мора да се царинат на било која сума. До 350 евра можеш да внесеш без проблем.
ne beshe pokje ?? 350 e ?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
на граница влегувам во мк, и носам вбагажник пластични кутии од Икеа, една торбица од аутлет, банани и лименки фанта од Лидл и најбитното, два задни амортизери Монро (80€) за мојата кола.

Му пријавувам на цариникот се шо носам
Грешката ти е што си ги спомнал амортизерите.
Другпат ќе му кажеш дека немаш ништо да пријавиш, сето се работи за лична употреба од Икеа/Лидл/итн и повели еве ги на увид фискалните сметки (со десетици и повеќе ситници кои сигурни си ги испокупувал).

Ти со жена ти или со другар, заедно смеете до 700 евра работи за лична употреба да внесете ама подобро е да се на одделни сметки, а „спорните“ работи како амортизерите или алат/итн, сместени најпозади под купот други работи. Не мораш ти по ставка да наведуваш дека си земал h,y,z, едноставно му ги нудиш сметките повели види, ќе отворам гепек провери. Итн. Во 9 од 10 ситуации нема ни сметките да ги погледне, или ќе побара само површно во гепек да ѕирне. Пак сето тоа се работи за лична употреба, освен ако не си земал 10 амортизери или повеќе од два исти алати, итн. Во тој случај може да ти спори дека се за лична употреба. Ама поентата е да не спомнуваш работи за кои може да се закачи да те малтретира. Он и по службена должност мора да провери кога ќе се спомнат некои такви работи.

ахахаххах,
јас преку граница пренесувам фарови, и тоа пешки од пошта ги земав
Де кажи повеќе за тоа поштата. На поштенски фах си нарачуваш? Кај Битола преминот?

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 644
    • ibiz.mk
Де кажи повеќе за тоа поштата. На поштенски фах си нарачуваш? Кај Битола преминот?

не не, Табановце, од Србија
одма до граница има српска пошта. само се наведува дека е за Пошта Прешево, Граничен премин

и екстра габаритни работи не испраќаат преку пошта, за тоа преку АКС,

и ако нема гужва си поминам со кола и се вратам одма, ако има гужва одам пешки 200-300метри е

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Грешката ти е што си ги спомнал амортизерите.
Другпат ќе му кажеш дека немаш ништо да пријавиш, сето се работи за лична употреба од Икеа/Лидл/итн и повели еве ги на увид фискалните сметки (со десетици и повеќе ситници кои сигурни си ги испокупувал).

Е претходно есента не му го спомнав ребрастиот сет и почна предавања да ми држи како направив царински прекршок што не сум пријавил 140€ роба. Сега пријавувам, пак крив.

Третиот пат, ќе му барам да се царини, пошто не знам како да поминам на граница повеќе.

ИГИ2000 утре ќе затворал, сум му го пропаѓал бизнисот, препродавам делови ефтино.  :D

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1721

Мене последно ко бев по моторно масло до Грција, сега пред 2 недели, дека одев сред работен ден кога немаше никој, и нормално досадно на тие, ме застанува ми вика дали имам нешто да пријавам, му кажувам 8 шишенца, околу 7.5 литри моторно масло за кола. „Ај отвори да видиме“, отворам, гледа во кутијата, гледа фактурата под 350 евра, и го гледам како пробува да ми најде уште нешто за да надминам 350. Имам една торбица со церада што е, ја виде прво неа, па го виде БМВ логото и ваљда сфати дека не е нова, и после ми виде една мала бела кутија кај што ми стојат старите буфери за амортизери, и само таков „А-ха, што имаш во ова?!“, му отворам му кажувам, се подразмисли и ме пушти.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Интересна дискусија меѓу "шверцерите" (шала нормално), не сум бил единствен во тоа, само единствен нападнат кога пробав да донесам масло за неколку форумџии по фер цена.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Ц: Што носиш?
П: Банани, за лична употреба.
Ц: Колку носиш?
П: 2 тона.
Ц: Шосторе море.
П: Што ќе се изеде, супер, што не, ќе оди на пазар.  ;D

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Грешката ти е што си ги спомнал амортизерите.
Другпат ќе му кажеш дека немаш ништо да пријавиш, сето се работи за лична употреба од Икеа/Лидл/итн и повели еве ги на увид фискалните сметки (со десетици и повеќе ситници кои сигурни си ги испокупувал).

Е претходно есента не му го спомнав ребрастиот сет и почна предавања да ми држи како направив царински прекршок што не сум пријавил 140€ роба. Сега пријавувам, пак крив.

Третиот пат, ќе му барам да се царини, пошто не знам како да поминам на граница повеќе.

ИГИ2000 утре ќе затворал, сум му го пропаѓал бизнисот, препродавам делови ефтино.  :D

Имав една ваква ситуација на граничен премин кај Битола, имав куфер за моторот шо вистина беше точно 350 евра, со фактура со се. Ми рече да отворам багажник, ја виде кутијата, му ја покажав фактурата, и добив муабет “Твое е да ми кажиш дека имаш работи, мое е да проверам вредност.“. И од тогаш ако ме прашаат викам “ситници за по дома“.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
A од каде знаеше царинскиот службеник дека не ти е за продажба куферот?  ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Ставете во кола мали деца. Најдобро е кога сте кај цариникот едно од нив да плачи да откорнува. Не ни стигнува муабетот да праша дали носиш нешто.
Само мафта со раката, побрзо, побрзо!

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1721
Ставете во кола мали деца. Најдобро е кога сте кај цариникот едно од нив да плачи да откорнува. Не ни стигнува муабетот да праша дали носиш нешто.
Само мафта со раката, побрзо, побрзо!

Сум приметил и дека кога сум со понежен пол, без деца, многу помалку ме застануваат отколку сам. Ако сум сам обавезно секој пат.