Од Али секогаш ги декларираат на мали суми пратките за да се избегнат давачките. Едини ризик со тоа е што пратката ти е осигурана на декларираната сума, така што ако случајно се изгуби или оштети во транзит можеш да си ја вратиш само декларираната сума, не целосната.
Од продавачот на Али пратките ги декларираат на вистинската вредност колку што чини купеното во Кина. За да ти биде јасно колку заработуваат продавачите на Али.
Ризикот не е твој, ризикот од губење е на испраќачот. Ризикот од оштетување при транспорт е на испраќачот. Али ги осигурува пратките од оштетување или губење, па и не трпат финансиска штета.
Тебе парите ќе ти бидат вратени во целост колку што си платил, ако не ти ја донесат пратката. Ако е оштетена, ќе ти вратат толку колку успееш да се избоксуваш со али...