Мислам дека ЈТЅ моторите не беа баш погодни за плин... Башка, троа е лењава со тој мотор, ќе изглеа убоо, ама нема да иде доволно агилно за навистина да праи мерак.
Ping @Simo - Carrier159
Не е многу лењава, убаво иде брерата со 2.2 jts, 185кс има, убав звук има, ептен ќеф. Јас би земал со 2.2, ама не како кола со која поминувам 10.000км или повеќе годишно, зошто троши повеќе од 1.75 тби, а иде солидно послабо.
Пошто плин на таа кола кај нас никој не монтира, а и во странство да ти монтираат (пољаците се махери за тоа - тие и електричен шпорет на плин конвертираат), можни се проблеми заради прегревање. Ем бидејќи моторот е со директно вбризгување, пак ќе троши 20-30% бензин дури и кога работи на плин. Во секој случај, кај нас нема кој да ти ја конвертира на лпг, така да практично „нема плин“ за 2.2 jts.
Ја тргнав по GT 2.0 JTS, ме предомисли Жаре а и у Аутомобиле СК кога правев браникот спомнаа дека имаат проблем ...
2.0 jts во GT/156, е изведеница од 2.0TS моторот, и е првиот JTS мотор на алфа. Некои имаа проблеми со карбонски наслаги на вентилите, ама поновите верзии (таму после 2004 ми се чини) имаат друг профил на брегастата и различна мапа, па е решен тој проблем. Другиот проблем, како и сите CF3 TS мотори, имаат смалена дебелина на уљните карики, и знаат да си трошат и по неколку стотици грами уље на 1000км. Тие мотори се 165кс и конструкциски немаат врска со 1.9/2.2 JTS во 159/Brera-та.