Врз што се базира оцената за колата на Honest John?
Дополнително, како човек би требало да го одржава у форма ДПФ-от? Многу, мнооооогу голем дел од пријавените проблеми кај Онест Џон кај дизелите се токму поради откажување на ДПФ.
Не знам, ама јас не би сакал да одржувам во форма ДПФ. Ако возиш многу градска, кратки релации, нон стоп студен мотор (а зимно време треба барем 20км/30 минути добар дизел да загрее како што треба), фактички нон стоп ќе треба ДПФ-от да го регенерираш.
А за да има успешна регенерација, сите греачи + релејот мора да се беспрекорни, сензорот за притисок во ДПФ мора да покажува вредности помеѓу зададените од фабрика. Ако еден од овие услови не е задоволен, или ептен се затне, мораш да го носиш на сервис да му активираат т.н “присилна“ регенерација. Од друга страна, има огромни шанси кај многу коли картерот да ти го наполни со дизел, особено ако шприца дополнително нафта за регенерација, па регенерација неуспешна, па полууспешна....
(Хонда, Мазда, Опел)
И после 150к-170к, нов филтер (едно 1000че) и тоа е тоа.
Генерално тоа е во кратки црти ДПФ филтер на половно возило.