Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1071519 пати)


Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #901 на: 29 Ноември 2015, 21:13:11 pm »
треба да купам кола во наредните 2-3 недели, имам опции за од германија да идам или сепак од тука да барам?
Што мислите? Одприлика до 5-6к еу.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7440
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #902 на: 29 Ноември 2015, 21:46:24 pm »
За што ќе ја користиш колата, колку км би поминувал, каде патуваш, колкава кола, која класа, што ти е битно да има колата ??? Дај повеќе информации, не може само вака.. :)

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #903 на: 29 Ноември 2015, 22:33:00 pm »
За што ќе ја користиш колата, колку км би поминувал, каде патуваш, колкава кола, која класа, што ти е битно да има колата ??? Дај повеќе информации, не може само вака.. :)
Поима неам искрено што марка да зеам уште се мислам. Иначе некоја кола со 5 врати, 95 посто низ мкд ке се вози, 10-15к км годишно.
Опрема стандард не ми требаат чуда
Дури нз дали да зеам бензин па на плин или дизелче...

Битно ме интересираше дали се исплати да одам до Германија имам некои пријатели така да имам некоја комбинација само дали ќе се исплати времето и патот

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #904 на: 01 Декември 2015, 09:05:04 am »
За што ќе ја користиш колата, колку км би поминувал, каде патуваш, колкава кола, која класа, што ти е битно да има колата ??? Дај повеќе информации, не може само вака.. :)
Поима неам искрено што марка да зеам уште се мислам. Иначе некоја кола со 5 врати, 95 посто низ мкд ке се вози, 10-15к км годишно.
Опрема стандард не ми требаат чуда
Дури нз дали да зеам бензин па на плин или дизелче...

Битно ме интересираше дали се исплати да одам до Германија имам некои пријатели така да имам некоја комбинација само дали ќе се исплати времето и патот

Ако имаш пријатели во Германија голема предност е, но треба да одлучиш која кола конкретно ќе ја земаш, поради тоа што ако ја има таа кола тука нема потреба да се мачиш до Германија. Така да се зависи од тоа каква кола сакаш. :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #905 на: 01 Декември 2015, 09:08:49 am »
Битно ме интересираше дали се исплати да одам до Германија имам некои пријатели така да имам некоја комбинација само дали ќе се исплати времето и патот

Во однос на цена, не се исплаќа. Во однос на квалитет и тоа како. :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #906 на: 01 Декември 2015, 09:15:47 am »
Битно ме интересираше дали се исплати да одам до Германија имам некои пријатели така да имам некоја комбинација само дали ќе се исплати времето и патот

Во однос на цена, не се исплаќа. Во однос на квалитет и тоа како. :)
Па да... цена нема мн разлика.. само таму многу им се набиени километражите реткост е под 200 да се начека нешто како што гледам... а и има поголем избор...

Е сеа прашањето е дали кола со помалце км од тука или кола со повеќе км од германија да речеме исто годиште се..

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #907 на: 01 Декември 2015, 09:24:35 am »
Па да... цена нема мн разлика.. само таму многу им се набиени километражите реткост е под 200 да се начека нешто како што гледам... а и има поголем избор...

Е сеа прашањето е дали кола со помалце км од тука или кола со повеќе км од германија да речеме исто годиште се..

Абе друже, колите во Македонија не паѓаат од месечината. Идат од Запад или директно или преку Бугарија.
А за извозени? Па се наоѓаат и неизвозени, ама поскапи се. Затоа реков ценовно не се исплаќа да увезуваш кола од Германија.  ;)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #908 на: 01 Декември 2015, 09:28:13 am »
Тоа ми беше поентата и мене. Некој добар авто плац да ми препорачате кај нас?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #909 на: 01 Декември 2015, 09:30:44 am »
Тоа ми беше поентата и мене. Некој добар авто плац да ми препорачате кај нас?

Е тоа не знам. Јас преферирам сам да си ги купувам, без некој да ме убедува колку е добра колата.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #910 на: 01 Декември 2015, 18:11:08 pm »
Битно ме интересираше дали се исплати да одам до Германија имам некои пријатели така да имам некоја комбинација само дали ќе се исплати времето и патот

Во однос на цена, не се исплаќа. Во однос на квалитет и тоа како. :)

Тоа ми беше поентата и мене. Некој добар авто плац да ми препорачате кај нас?

Се согласувам со Луки. Ако имаш пријатели од таму земи си кола само да знаеш од кого ја земаш. Кола од МК само од човек што го знаеш, од автоплацеви најискрено не ти препорачувам. Не дека нема да налеташ на добра кола ама кола купена од плац кај нас ти е мачка во вреќа. Знам што малверзации прават со колите кои ги продаваат на автоплацевите кај нас, како ги купуваат а кога ги продаваат ги фалат како од салон да се.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #911 на: 01 Декември 2015, 19:43:26 pm »
Ене ти кола од плацеви во темата за Маздата и компјутерот.
Купи си кола од човек од Германија, поскапа ама реална.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #912 на: 02 Декември 2015, 14:18:56 pm »
Кои работи треба да се видат, проверам да речеме коа идам да купувам половна кола?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14198
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #913 на: 02 Декември 2015, 14:34:20 pm »
Сите ги фалат „колите од Германија“. Според мене, нема врска тоа. Знам многу луѓе со кршови од Германија а платиле многу пари, а пак други купиле добри коли од Бугарија и Италија (јас зедов од Италија на пример). Едноставно НЕМА правило.

Прво и основно треба да се знае дека купуваш половна кола. Сигурно ќе си има маани некои.
Што се однесува за спомната Мазда од Крива Паланка, тоа не е дефект заради тоа што е вратена километража, или полирана колата.
Тоа е дефект што може да се случи на кола купена од тука од салон.

Пред некој месец на Land Cruiser купен од Тојота пред неколку години му зариба мотор (Нешто со компјутерот беше) на сред автопат Велес - Скопје. За среќа беше под гаранција па му сменаа мотор.

Мој совет би бил, кога веќе се зема половно возило, да земеш некоја средна-висока класа на возило W211/E60/A6. Зошто? Затоа што во основа тие возила се добро правени (бидејќи беа правени за клиентила која е пребирлива) и најчесто добро одржувани (Некој што има 60 000 евра, сигурно нема да штеди на сервиси), покрај тоа што имаат повеќе километри.
Кај нив е битна исто така годината (што помалку газди после првиот газда). Јас би играл максимум на 10-12 години за такво возило. Се над тоа е веќе малку ризично.

Зошто баш 12? Затоа што најчесто од повеќето произведители имааш гаранција на мобилност од 12 години. Самото тоа нешто кажува (не дека треба ептен да си го врзеш како крпче ова, само една илустрација давам).

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196