Сакам поиздржано мислење од искусни луѓе во оваа работа.
Значи, имам Голф 4, 1.9 тди 90кс. Тоа ми е првата, да кажам добра кола во животот, порано се само 101-и сме имале дома. Е сега, како прв посериозен напредок од порано, колата ме служи одлично. Ја имам од јануари 2013 и освен првиот севис 10500 ден (каиш, затегачи, водна пумпа, некои гумици и слично) и после тоа менување масло што е стандардно и регистрации нормално, други давачки сум немал. Значи трошоците ми се минимални. Поминувам просек околу 5-6000 км годишно, значи вожњата се сведува претежно в град, 1-2 месечно одење до Битола. През лето можда до Охрид, Струга, Крушево, Дојран итн...и 1-2 пати годишно можда и до Скопје. Надвор од државава не сум возел никогаш, веројатно тоа би важело и во иднина. Не сум толкав ентузијаст. По природа сум пасивен возач, значи не обожавам претекнување освен кога стварно имам потреба. Држам 90-100 км на отворено, само ако е добар патот и уловите секако. 120 и нагоре скоро никогаш. Значи целта ми е што побезбедно и поекономично да стигнам од А до В и да не ме погодуваат некои изненадни големи трошоци за поправки или пак поголема потрошувачка на гориво а со тоа и пари.
Прашањето ми е: Кој би бил најлогичен избор за следна кола, понова се разбира, во следните 2-3 години?... кога и голфот веќе ќе биде застарен, тој и онака е веќе 17 години, значи за 3 години веќе 20-ка, што искрено да си кажеме си се сериозни години, без разлика што не возам којзнае колку, или тоа што тди 1.9 е издржлив мотор...едноставно ако одлучам да се подновам, со продажба, приближно за тогаш во иднина да речеме 2200-2300 евра....што можам најдобро да земам со доплата од 1500-1600 евра до кај 4000 евра макс. вкупно, земајќи ги во предвид погоре спомнатите потреби и навики за возење?
Преферирам дизел, заради помалата потрошувачка и поефтино гориво, али доколку има поиздржливи, помодерни и поекономични бензински мотори што во крајна линија годишните трошоци би ги држеле на некој минимум, спремен сум за предлози.
