еве неколку совети за купување на половен дизел автомобил , исто така доколку знањете нешто повеќе пичувајте и тоа не само за дизел него и за бензинец со цел да можеме да научиме нешто , и утре ако купуваме половен автомобил да можеме да провериме во каква состојба е , исто така пишувајте како може да се познае дали колата е удрена и сл. и ако знаете некој проблем и на што треба да се обрне внимание кога се купува одредена кола пишувајте конктетно за тој автомобил
1. ДИЗЕЛ СЕ КУПУВА ЗИМНО ВРЕМЕ. Ако кога температурата надвор е -10 степени и ладен мотор се проба да се запали се станува јасно за конкретниот автомобил. Добриот дизел ќе запали само со ЕДНО ЗАГРЕВАЊЕ НА ГРЕАЧИТЕ едно гаснење на лампата за греачите на инструмент таблата. При тоа без да се мачи и рка подолго време, ДОБРИОТ ДИЗЕЛ МОТОР пали како бензинец.
2. Веднаш по стартувањето на студен дизел мотор извадете ја шипката за контрола на маслото од цевката и не треба да дува воздух или согорени гасови. Ако се појават капки од масло МОТОРОТ Е ИЗДУВАН. Добриот дизел нема притисок во картерот и не дува од шипката за контрола на масло.
3. Отворете ја капачката за долевање на масло во моторот кога моторот работи и постигнал работна температура. Излегувањето на согорени гасови и капки од масло од таму е знак за лош мотор.
4. Ослушнете ја работата на моторот. Добриот дизел мотор РАБОТИ СТЕГНАТО, РАМНОМЕРНО, БЕЗ ДА ГИ МЕНУВА ВРТЕЖИТЕ ибез дополнителни шумови, стружење, виење, периодично крцкање, чукање, ццкање. Работата на добриот дизел мотор се споредува со музика - не треба да го дразни увото.
5.Погледнете ги издувните гасови што излегуваат од ауспухот. Тие се најдобар тестер за состојбата на моторот. Добриот дизел испушта гасови што едвај се забележуваат - безбојни се. Белиот дим е знак за вода во цилиндрите-дали се работи за пукнат блок, глава или продуван дихтунг, тоа е друго прашање. Сиво обоениот чад со мирис на изгорено масло е знак за отслужен мотор (износен). Дајте гас и задржете ја на околу 2000 врт/мин. Нормално на почетокот колата треба да исфрли црн чад. Проблем има ако после 2-3 секунди од давањето на гаста и постигање на 2000 врт/мин црниот чад не престане да излегува, и истиот продолжи да дими. Тоа е гаранција на лошо согорување на нафтата. Проблемот се должи или на избегано центрирање, проблематичха дизна /т.н. дизна што моча/, омекнати пружини на дизните , но може и проблемот да е во пумпата за горивото, кој е многу полоша варијанта. Особено карактеристично за француските дизели е тоа што тие не димат дури и при нагло давање на гас, поради користење на радиално-лачните дизни и пофиното образување на горивната смеса од директното вбризгување.
6. Отворете го капачето од казанчето за антифриз додека моторот работи. Замолете некој да даде гас и да ја задржи така да моторот работи на 2500 врт/мин. Ако од разладната течност во казанчето почнат да излегуваат меурчиња со гас тогаш тој мотор има издуван дихтунг на глава.
7. Додека моторот работи погледнете ги шајбните на ремените. Не треба да имаат радијално или аксијално отстапување додека моторот работи. Тоа се воочува лесно.
8. Извадете ја шипката за проверка на нивото на маслото и погледнете ја бојата на маслото. Дури и по 20 километра поминати од промена на маслото во моторот, тоа добива катран црна боја. Присуството на бела емулзија е гаранција за вода во маслото. Секаква друга боја освен црна е сомнителен фактор за присуство на несакани примеси.
9. Ставете ја на канал колата и погледнете го картерот на моторот за да воочите дали истиот е удиран. Исто така проверете дали има течење на масло додека моторот работи. Убаво е да се знае дека најтешко се отстранува течење на масло ако тоа постои меѓу менувачот и моторот. Замената на виновниот семеринг бара вадење на менувачот
10. Оставете ја колата на нагорнина. Обидете се да тргнете без притоа да додавате гас воопшто. Добриот дизел мотор повлекува на нагорнина и се движи без потреба од дополнително притискање на гаста со минимум двајца патници. Ако моторот гасне за време на пробата значи не таквиот мотор НЕ Е ДОБАР.
11. Пробајте ја колата во движење, во случај на нагло забрзување. Дизелот треба да повлекува равномерно како по линија во ниски вртежи. Додека ја забрзувате нагло и успорувате следете дали има појава на вибрации. Ако почувствувате вибрации од моторот НЕ ЈА КУПУВАЈТЕ КОЛАТА. Сигурно има проблем со системот за вбризгување на горивото, или се работи за изместена резонансна толеранција на моторот.