Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1017887 пати)

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Совети пред купување половен автомобил!
« на: 17 Февруари 2011, 12:23:35 pm »
еве неколку совети за купување на половен дизел автомобил , исто така доколку знањете нешто повеќе пичувајте и тоа не само за дизел него и за бензинец со цел да можеме да научиме нешто , и утре ако купуваме половен автомобил да можеме да провериме во каква состојба е , исто така пишувајте како може да се познае дали колата е удрена и сл. и ако знаете некој проблем и на што треба да се обрне внимание кога се купува одредена кола пишувајте конктетно за тој автомобил

1. ДИЗЕЛ СЕ КУПУВА ЗИМНО ВРЕМЕ. Ако кога температурата надвор е -10 степени и ладен мотор се проба да се запали се станува јасно за конкретниот автомобил. Добриот дизел ќе запали само со ЕДНО ЗАГРЕВАЊЕ НА ГРЕАЧИТЕ едно гаснење на лампата за греачите на инструмент таблата. При тоа без да се мачи и рка подолго време, ДОБРИОТ ДИЗЕЛ МОТОР пали како бензинец.

2. Веднаш по стартувањето на студен дизел мотор извадете ја шипката за контрола на маслото од цевката и не треба да дува воздух или согорени гасови. Ако се појават капки од масло МОТОРОТ Е ИЗДУВАН. Добриот дизел нема притисок во картерот и не дува од шипката за контрола на масло.

3. Отворете ја капачката за долевање на масло во моторот кога моторот работи и постигнал работна температура. Излегувањето на согорени гасови и капки од масло од таму е знак за лош мотор.

4. Ослушнете ја работата на моторот. Добриот дизел мотор РАБОТИ СТЕГНАТО, РАМНОМЕРНО, БЕЗ ДА ГИ МЕНУВА ВРТЕЖИТЕ ибез дополнителни шумови, стружење, виење, периодично крцкање, чукање, ццкање. Работата на добриот дизел мотор се споредува со музика - не треба да го дразни увото.

5.Погледнете ги издувните гасови што излегуваат од ауспухот. Тие се најдобар тестер за состојбата на моторот. Добриот дизел испушта гасови што едвај се забележуваат - безбојни се. Белиот дим е знак за вода во цилиндрите-дали се работи за пукнат блок, глава или продуван дихтунг, тоа е друго прашање. Сиво обоениот чад со мирис на изгорено масло е знак за отслужен мотор (износен). Дајте гас и задржете ја на околу 2000 врт/мин. Нормално на почетокот колата треба да исфрли црн чад. Проблем има ако после 2-3 секунди од давањето на гаста и постигање на 2000 врт/мин црниот чад не престане да излегува, и истиот продолжи да дими. Тоа е гаранција на лошо согорување на нафтата. Проблемот се должи или на избегано центрирање, проблематичха дизна /т.н. дизна што моча/, омекнати пружини на дизните , но може и проблемот да е во пумпата за горивото, кој е многу полоша варијанта. Особено карактеристично за француските дизели е тоа што тие не димат дури и при нагло давање на гас, поради користење на радиално-лачните дизни и пофиното образување на горивната смеса од директното вбризгување.

6. Отворете го капачето од казанчето за антифриз додека моторот работи. Замолете некој да даде гас и да ја задржи така да моторот работи на 2500 врт/мин. Ако од разладната течност во казанчето почнат да излегуваат меурчиња со гас тогаш тој мотор има издуван дихтунг на глава.

7. Додека моторот работи погледнете ги шајбните на ремените. Не треба да имаат радијално или аксијално отстапување додека моторот работи. Тоа се воочува лесно.

8. Извадете ја шипката за проверка на нивото на маслото и погледнете ја бојата на маслото. Дури и по 20 километра поминати од промена на маслото во моторот, тоа добива катран црна боја. Присуството на бела емулзија е гаранција за вода во маслото. Секаква друга боја освен црна е сомнителен фактор за присуство на несакани примеси.

9. Ставете ја на канал колата и погледнете го картерот на моторот за да воочите дали истиот е удиран. Исто така проверете дали има течење на масло додека моторот работи. Убаво е да се знае дека најтешко се отстранува течење на масло ако тоа постои меѓу менувачот и моторот. Замената на виновниот семеринг бара вадење на менувачот

10. Оставете ја колата на нагорнина. Обидете се да тргнете без притоа да додавате гас воопшто. Добриот дизел мотор повлекува на нагорнина и се движи без потреба од дополнително притискање на гаста со минимум двајца патници. Ако моторот гасне за време на пробата значи не таквиот мотор НЕ Е ДОБАР.

11. Пробајте ја колата во движење, во случај на нагло забрзување. Дизелот треба да повлекува равномерно како по линија во ниски вртежи. Додека ја забрзувате нагло и успорувате следете дали има појава на вибрации. Ако почувствувате вибрации од моторот НЕ ЈА КУПУВАЈТЕ КОЛАТА. Сигурно има проблем со системот за вбризгување на горивото, или се работи за изместена резонансна толеранција на моторот.
« Последно менување: 04 Мај 2017, 11:45:04 am zeroSignal »

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1 на: 17 Февруари 2011, 12:42:45 pm »
Браво. Корисно.

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5518
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #2 на: 17 Февруари 2011, 14:16:16 pm »
svaka cas.
A za benzinasi imas slicno?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #3 на: 17 Февруари 2011, 14:34:47 pm »
vaka ubavo kazano kola stara 5-10 godini nemoze da nema nieden problem od ovie na primer mojot golf dodeka e laden potkrcnuva malce privremeno :/ a ima malce izduvni gasovi koa ke ja otvoris kapa4kata  sam videl koli koa ke ja otvoris kapa4kata leta istata od izduvni gasovi

1. za benzin gledajte da nema zolto kaj glavata diktornot i od istata da nema protekuvano ulje
2.ne smee da dimi od sipkata za pokazuvajne sostojba na uljeto(nesmee da ima 4ad kolku cigara)
3.gldajte da ne 4adi sivo niz auspuh
4.koa e ladna koa ke ja zapalite ako trokira a ima novi svekici i maslo oa e rezultat na voda vo cilindrite i produvan dikton
5.gledajtego crevoto sto vleguva vo ainspricot ili izleguva da ne e voopsto mrsno ako e mrsno ne e dobro

ima uste samo ne mi teknuvaat ke pisam i za karoseriski razbiram i od limarija  ;)
« Последно менување: 17 Февруари 2011, 14:51:10 pm zeroSignal »
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #4 на: 17 Февруари 2011, 14:50:54 pm »
Јове, нема потреба од цитирање на цел толкав пост, само 2-3 поста подолу.

Исто така, пробај ако можеш да пишуваш на кирилица. Ова не е фејсбук па да заменуваме ч со 4. :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #5 на: 17 Февруари 2011, 17:00:13 pm »
Мошне корисни совети! Браво и благодариме Јордан.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #6 на: 17 Февруари 2011, 19:41:41 pm »
Јове, нема потреба од цитирање на цел толкав пост, само 2-3 поста подолу.

Исто така, пробај ако можеш да пишуваш на кирилица. Ова не е фејсбук па да заменуваме ч со 4. :)
нема проблем ке пишувам кирилица навикнат сум од други форуми за кирилица фала на советот  а за бензин тие што ги пишав се битни другите не толку
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #7 на: 17 Февруари 2011, 20:06:51 pm »
vaka ubavo kazano kola stara 5-10 godini nemoze da nema nieden problem od ovie na primer mojot golf dodeka e laden potkrcnuva malce privremeno :/ a ima malce izduvni gasovi koa ke ja otvoris kapa4kata  sam videl koli koa ke ja otvoris kapa4kata leta istata od izduvni gasovi

1. za benzin gledajte da nema zolto kaj glavata diktornot i od istata da nema protekuvano ulje
2.ne smee da dimi od sipkata za pokazuvajne sostojba na uljeto(nesmee da ima 4ad kolku cigara)
3.gldajte da ne 4adi sivo niz auspuh
4.koa e ladna koa ke ja zapalite ako trokira a ima novi svekici i maslo oa e rezultat na voda vo cilindrite i produvan dikton
5.gledajtego crevoto sto vleguva vo ainspricot ili izleguva da ne e voopsto mrsno ako e mrsno ne e dobro

ima uste samo ne mi teknuvaat ke pisam i za karoseriski razbiram i od limarija  ;)


па можеби нема да ги помине автомобилот сите делови од овој како да кажам тест , но оние поважните ако не ги исполнува тогаш автомобилот не треба да се купи ,

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #8 на: 17 Февруари 2011, 20:20:52 pm »
Јордан - свака ти дала ;)

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #9 на: 18 Февруари 2011, 00:21:24 am »
инаку кај француските возила знае да исфрли црн 4ад гледано по моето возило кога го возам на ниски обртаи и при наагло давање гас исфрла минимален но кратко траен 4ад ....

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #10 на: 21 Февруари 2011, 22:56:41 pm »
Одлични совети, многу корисно!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #11 на: 22 Февруари 2011, 08:56:39 am »
Браво бе Јове алал да ти е.....само немој жити мене за Ч да користиш четворка и за Ш шестка оти одма ми личи на бугарски форум..... :) :D


Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #12 на: 22 Февруари 2011, 09:07:53 am »
Спортекс тоа со четворките више така не пипувам  оти погоре ме известија и почнав да пишувам со македонска подршка и ги користам и буквите ш ѓ ч ќ ж више се навикнав ;D
Извинете за ОТ :-X
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #13 на: 23 Февруари 2011, 18:12:05 pm »
Браво за Јордан, многу поучно. Особено пошто е у мода се носење на сваштарија од странство.

@Јове: Ако админот не ти пром’рчеше, ја бев одма тука на ред :)

@ivo: Кога веќе пишуваш кирилица, ствааааарно нема потреба од „4“ („чад“ наместо „4ад“, ти теквит? :)) Али ок, навика е во прашање :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Darshns

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • "A smooth sea never makes a skillful sailor."
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #14 на: 25 Февруари 2011, 19:18:51 pm »
Купив половна кола, бензинец, Opel Corsa пред 6 месеци, моторот работи топ нема маана до сега.
Погоре JoveVW напоменал дека кај бензинецот не смее да има жолто на главата на моторот и да протекува уље.
Кај протекува ама многу малку минимално, што значи тоа?
Колата не покажува знаци на неисправност.