Вчера направив проверка преку vinspy.eu, 8 евра, чисто да видам за проба, ми даде извештај, по извештајот, прв запис на Цитроенот (произведен 2013) е на 31 јануари 2014 година а последен запис е во октомври 2017 година и тогаш колата имала 95.000 км, односно некој просек по 30.000 км годишно. Моментално колата има 170.000 км, што не држи логика дека за анредни 10 години колата поминала само 70.000 км

.
Друга работа што не држи логика е што колата била купена за постаро лице (така е по МК сообраќајната, тоа е ок) оваа година во март месец а се продава сега после 5 месеци со направен голем сервис, регистрација и сл, затоа што не се возела.
Голготата по потрага по половна кола го прогласувам за почната

