Здраво,
Бидејќи имам Панда 1.2 2015 и веќе не ме собира во неа со +20kg дебелина, се мислам да инвестирам во некој не-огромен СУВ што би ми бил примарна кола за низ град и возење на отворено во околина (Грција, Србија, Бугарија).
Пандата би ја продал, треба сензор за кислород да се смени и да се средат неколку гребнатинки. Не знам за колку би отишла, има 137.000 км, купена 2023 за 7000. Парите од продажба би ги пренаменил за новата кола така што вкупно не би одел над 25.000 еур.
Преферирам аутоматик да е, понов, рецимо од 2019 па нагоре. Нешто што нема да треба да го мислам дали ќе ме остави ако редовно си следам сервисни интервали. Да кажаме буџет до кај 25.000.
Гледам Ауто Велт има интересни BMW X1 so 18d и 20d.
Битно ми е да е СУВ, аутоматик мењач и да не прди на угорнини како пандата. Повеќе од 80% од времето ќе се вози на отворено, иако и доста низ град.
Секако, би го возел година-две-три и би го продал.
Се наоштрив едно време за CX-5 ама кај нас само дизели гледам за коишто читам неубави работи.
Совети, идеи?