Во овој момент можеш да извадиш пробни таблици за колата - треба да приложиш документ дека ја поседуваш (претпоставувам преведен купопродажен ако сам ја увезуваш). Пробни таблици би ти требале да ја однесеш колата од шпедиција или плац или било кај да стои, до технички преглед.
Во меѓувреме, поднесуваш барање за регистрација со сите документи што ги имаш до сега. Колата ја проаѓаат на технички преглед, вадат документ дека се е во ред. МВР (полицаецот на технички) си ги носи сите документи во МТВ на проверка за Интерпол, па по неколку дена ти се јавуваат дека проверката е позитивна.
Со таа позитивна проверка продолжува процесот на регистрација, т.е. можеш да извадиш и осигурување, и заедно со тоа и таблици. За ова не ти треба возилото да е присутно.
Не треба да трчаш ти, си бираш технички, одиш таму првиот пат за да поднесеш документи, и втор пат по неколку дена да си ги земеш документите заедно со таблици за колата.