1. Продаваат возила кои не се нивни т.е. ауди, опел, цитроен.
2. Сите возила се со минимално ниво на опрема што значи дека се користени за секојдневно работење и возени без пазење од поголем број на луѓе. Сите знаеме како се вози и пази службено возило.
3. Имаат релативно ниски километражи што од една страна е добро, но од друга страна ако се возени лошо (што е веројатно) сеуште се ок (моторно, подвозје), но веројатноста е дека нема да бидат уште многу, па сите трошоци ќе паднат на товар на тој што ќе ги купи.
4. Каросерски не се добри (гледав неколку Q2 кога беа со 2,0 мотори и quattro погон) и искрено ми се потврди целата моја теорија. Сите беа со гребаници, скршени браници, гребаници на бандажи и сл.
Еднинствено му останува на тој што ќе купи да се теши дека иако платил многу, добил екстра возило само затоа што го купил од Тојота, а не од плац.
Друга приказна се возилата што се оставени старо за ново од приватни сопственици, но и тие се доста поскапи отколку да си го купиш директно од сопственикот.
Али добра маркетинг стратегија, тоа мора да признаам.