Здраво на сите јас сум нов на форумов. Дали може да ви потрошам малку од вашето време? Барам да купам кола средна за низ град и низ МК. Колата сакам да е Автоматски менувач Цитроен, Форд, Нисан, VW, Сузуки, Тојота така нешто гледам поволно докај макс 7000е. Што да се прави мора поволно да се гледа. Дали ќе може да ми дадете најискрено мислење дали автоматик поволна кола може да се најде добра или сум во заблида?
Имам возено повеќе автоматици поволни и моментално возам Голф автоматик поволен. Исто и јас барав автоматик кола до таа сума. Имаш опции од секој бренд кола за тие пари автоматик, годинитие би биле 2008-2014 за таа цена, зависи моделот и брендот. Имаш и голем избор, само види на реклама5 и пазар3 колку многу автоматици има. Тоа што е автоматик само ќе ја направи колата поскапа за 1000-2000 евра од мануел, инаку другото се е исто. Исти се шансите за наоѓање добра кола без разлика дали е мануел или автоматик. Секој ден има нови (поволни) коли на огласи кај нас, ги има доста многу.
Рандом совети:
- не верувај на рандом балканци што јадат гомна за роботизираните автоматски менувачи, и тие се супер. Истите тие луѓе што јадат гомна за роботизирани менувачи на Цитроен, се задоволни од роботизираниот менувач на VW
- најдобра проверка, барем за мене, за автоматскиот менувач дали е добар е да го пробаш да го возиш низ град и дали ќе сецка при менување брзини (upshift и downshift) - значи намерно пробај вози ја низ град со мала брзина, малку давање на гас, зошто тогаш повеќе се приметува дали убаво менува брзини или не. Ако можеш менувај ги и рачно брзините, така подобро се тестира. Секако пробај ја и на автопат со поголеми брзини. Најчесто знаат првите 3 брзини проблем при менување и при ладен мотор, тоа го имам приметено јас на колите што сум ги пробал. Нормално и мајстор да ја провери колата и да видиш дали има сервисна историја менувачот
- некои луѓе ќе ти препорачуваат одредени коли и менувачи зашто помалку се расипуваат или па едните знаеле многу често да се расипуваат. И ова според мене нема врска за поволни коли. Најверојатно нема да ја знаеш сервисната историја. Може BMW менувач да се расипе, може и Цитроен менувач да се расипе, исто ти е тебе. Значи факторот дали се расипува често или не менувачот нека не ти игра улога при изборот. Може „најквалитетниот“ менувач на BMW воопшто да не бил сервисиран или возен лошо, па и тој ќе ти се расипе тебе. Тоа може да има улога при бирање нова кола, не поволна.
И сите совети за стандардно бирање кола - обавезно проверка со мајстор, проверка на КарВертикал, сервисна историја, итн.
Поентата ми е, не ги избегнувај Француските возила „зошто многу се расипувале и скап сервис“ зашто и Шкодата што ќе ја купиш и не се расипува и има евтини сервиси може да ти се погоди да е лоша кола со лоша историја. Фокусирај се на добра кола, со добра историја, наместо на специфична кола и бренд.
Прашај ме било што те интересира, истиот буџет и исто барав автоматик кола. И дефинитивно има голем избор на автоматици во тој буџет, и може да се најде добар примерок, само треба многу пробување и барање. Македонија е ова сепак, кај нас повеќето коли без разлика дали автоматик или мануел се канти без сервисна историја.