Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1042408 пати)

Отсутен candrax

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5400 на: 12 Ноември 2024, 11:01:36 am »
Здраво, ако може мислење за Peugeot 3008 2017г 2.0 HDI (Active Business), 150.000км , се продава за 15К. Ја видов еднаш на брзинка и освен некои козметички недостатоци, грепки итн. не можев да приметам ништо друго. Во моторот не видов некои очигледни проблеми како течење масло и слично, но далеку од тоа да сум некој експерт со коли. Е сега, 15000еур некако ми игледа премногу за ваква километража. Исто колата ја проверив на CarVertical се изгледа ок. Благодарам.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17554
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5401 на: 12 Ноември 2024, 11:37:44 am »
Ако вложуваш 15.000 евра во возило, закажи преглед на истото во овластен сервис. Ќе те кошта 50тина евра но ќе ти кажат дали и какви проблеми има возилото пред да го платиш па ти да откриваш.

Еуроимпекс се едни од најдобрите овластени сервиси со кои можеш да имаш контакт во државава, па тоа нека ти е само причина плус да се убедиш :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2380
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5402 на: 12 Ноември 2024, 17:16:56 pm »
Не мислам дека е претерана цената ако возилото во глобала е ок и нема потреба од покрупни интервенции. Ако може да се избоксаат уште некои 500 евра за сервиси и регистрација, не би било лошо.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 275
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5403 на: 16 Ноември 2024, 14:31:10 pm »
Цена од 15k евра за таа кола може некогаш била многу. Во денешни услови не. Посебно ако е автоматик.

Отсутен Aleksandar-93mkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5404 на: 03 Декември 2024, 11:34:53 am »
Страна на која би можел да проверам кола од Швајцарија преку број на шасија?
Преку карвертикал ништо не ми најде.

Отсутен SolidMKD

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5405 на: 25 Декември 2024, 23:34:11 pm »
Здраво на сите. Ми треба совет за купување кола. Буџетот е 11 000 евра, сув од типот на Opel Crossland, Hyunday Ix35 и сл. Година од 2012 поново.

Да не е гломазен џип, складен фамилијарен економичен. Би преферирал бензин.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17554
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5406 на: 26 Декември 2024, 00:13:50 am »
Citroen C4 Cactus 2019-2021, 1.5 HDI во Shine опременост.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
  • The best or nothing.
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5407 на: 06 Јануари 2025, 08:25:31 am »
Дали има некој увезено кола од Србија? Дали е регуларна процедура како од Германија?

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 277
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5408 на: 16 Јануари 2025, 11:26:58 am »
Мин ЕУРО 4 еко стандард може да се увезе или врзано е со некоја година?