Реално не се ни поправаат рент а кар возилата, посебно за електроника. Прозорот дали работи - небитно, чек енџин дали свети - небитно, ербег - да не правиме муабет, механички тропкала напред, не е страшно, се купуваат гуми, се прави редовен мал сервис и тоа е тоа. Мада има и такви газди на приватни (сопствени) возила и се почесто се среќавам со такви луѓе.
Еве случка од пред 2 дена:
Не замоли близок пријател да смениме дихтунг на декла на негово возило и да ја израмниме деклата (измешал моторот масло и вода, не антифриз
) , без да штелуваме вентили. Ставаме сѐ комплет, сменивме каиш, водна пумпа, затегачи, вода наместо антифриз, масло ни донесе прегорено, имал друга кола, свеќици три исти (запечени) и една Праксис од Макпетрол (кинезарија). Палиме со механичар заедно, механичаров вели дека мора да штелуваме вентили усисни (се слушаат), свеќици обавезно (при вадење на едниот кабел од свеќица немаше промена при работа на моторот или беше незабележителна) и при допирање ме удри струја (кабел за свеќица), газдата вели "Штелувајте вентили, свеќици и кабли не менувам, маслото оставете го тоа." Вози, ама до кога, ќе видиме...
Мада и деловите тука се прескапи, да бидиме реални.
Вчера гледав сензор за цитроен за дожд/светло, во Македонија (прашано на повеќе места) испод 12.600 денари немаше, на Аутодок проверив 4.000 со се достава.