Пазете што возило купувате. Деновиве имам премногу возила закажано за crash clear после сообраќајна незгода. Моментално работам на црна алфа 166 која утре треба да излезе на оглас, не пали без бришење на crash data. Не знам колку лимари и автоелектричари ја составуваа. Да не налетате на такво возило, па во најмала рака да се случи судар и да не се отворат воздушните перничиња кои ги нема, туку се заменети со отпорници. Се нафаќам да работам на возила кои се комплетно средени, односно имаат променети ербези, сензори и ЕКУ за ербегот, на отпорници не работам. За лимарија и кит при следен удар не можам да коментирам, секој лимар различно работи.