Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1165842 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4695 на: 18 Април 2023, 10:43:55 am »
Несторче, А класа не е Мерцедес. Спуштена кола не е генгста стил, ама шо да ти објаснувам, од Прилеп си...
Жалам за Велешани или пак убај улици имате.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4696 на: 21 Април 2023, 21:41:26 pm »

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4697 на: 03 Мај 2023, 04:42:35 am »
Цениве на половниве возила отидени се во кој знај кој неповрат во некоја си соседна галантика.
Голф 6 2009/10 година, 7000-8500 евра, абе аман ко летачка чинија да продаваат а нискоопремен. Што е работава стварно, океј инфлацијава и еврово немаат иста вредност како пред некоја година ама па за 15год стара толку пари, нема логика, со нашиов стандард и Голф нема да можи човек да си допушти а не пак друго. Паѓа муабетот на Хитлер во вода за автомобил за народот.
« Последно менување: 03 Мај 2023, 04:51:22 am was »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4698 на: 03 Мај 2023, 06:53:37 am »
Ако е 2.0 тди не знам што те чуди дури е ниско.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4699 на: 03 Мај 2023, 10:42:41 am »
Секако дека имаат offroad перформанси. Како иначе би ги продале на луѓе?

Едното е СУВ и секаде може да де вози по различни терени,

Ова било некаде до 2010, модерните SUV се правени претежно за таргет публиката, односно за асвалт и ретко прават некои offroad егзебции. Изгледај го видеото на Doug DeMuro за Cayenne 2006 и ќе ти стане јасно.

pa ne e bas taka @TylerMkD
https://www.youtube.com/watch?v=bEOcbdfCjcs

sepak imaat offroad performansi i modernite suv vo sekoj slucaj so limuzini ne mozes tamu da pomines.

Прашањето кое треба да си го поставиш и искрено да си го одговориш е дали ти требаат offroad перформанси?

- Имаш викендица до која нема асфалтиран пат?
- Дали редовно одиш на теренски возења до тешко-достапни локации до кои (повторно) нема асфалтиран пат?
- Дали си подготвен да ги направиш сите компромиси кои се наметнати поради „теренските перформанси“? Намалена стабилност, намалена динамичност, полоша аеродинамика, зголемена потрошувачка, итн?

Многу луѓе си прават филмови дека им требаат некакви offroad перформанси, кога во реалност истата работа ќе ја завршат со нормална лимузина (или караван, ако веќе просторот е проблем), а нема да треба прифатат еден куп компромиси.

Ако е веќе поради мерак желбата да си купиш SUV, тогаш секако, купи си SUV. Само немој да се лажеш ни себеси ни тие околу тебе дека ти треба за „offroad перформанси“.

Да, само по дупкиве во Прилеп каде што можи комотно цела астра комплет со сончев кров да влези попрво би возел СУВ.

Јас сум скоро сигурен дека улиците во Прилеп не се ништо полоши од улиците низ остатокот од Македонија. И во ниту еден момент не ми било тоа изговор за да возам SUV. Напротив, возам спуштена кола.

Навистина ми е чудно тврдењето дека во прилеп улиците се толку лоши. Пример во штип стварно има добри улици и сите пристапни патишта се супер. Да беа лоши ќе знаев бидејќи возам спорт хонда. Но и покрај идеалните улици најмногу сув ми фали да можам да се качам на тротоар бидејќи со хондата неможам. Дали сум спремен да платам со повисока потрошувачка поради тоа, спремен сум. У секој случај дефинитивно попрактично е сув отколку спортска кола и следната сигурно ќе биде нешто високо и удобно. Ионака има толку многу радари во последно време што нема поента да возиш брзо. 

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4700 на: 03 Мај 2023, 13:20:19 pm »
Тоа качување по тротоар треба најстрого да се санкционира. А таму кај што е дозволено да се паркира, треба да го направат тротоарот низок, за да без проблем се качи и спуштена кола со спојлери.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4701 на: 03 Мај 2023, 13:25:18 pm »
И дупките да се средат (кој дошол во Прилеп знае, може @Busav повеќе да каже за нив) да не паѓа предница толку брзо. Другар има пасат, абе не знам колку пари даде по предници и такви работи. Моментално живее во странство и нема чепнато предница.

Отсутен IvanSkopje

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4702 на: 14 Мај 2023, 07:43:08 am »
Здраво на сите, ќе може ли да ми кажете мислење за 1.7cdti 110hp со 6 брзини мењач. Се работи за Астра 2009 год.

Фала.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4703 на: 31 Мај 2023, 15:41:36 pm »
Се двоумам за нешто.
Во овие 20години возам само еден бренд, Мазда. Задоволен од се, атмосферц доверлив. Е сега се мислам дали да ја дадам еднава Мазда т.е 2ката од пред скоро и да земам Голф 6, ми се изрази желба за европска кола особено Фолксваген. Дизел како дизел си носи свои предности и недостатоци, заебанции со дпф, замаец, турбина и друго ако ти се погоди тешкото. Од таа причина гледам бензинец, ама од таа генерација асолен бензинец како што разбрав речиси и да нема, проблем со ланецот на ТСИ мотор. 1.4 16 вентилскиот атмосферец е како најдоверлив меѓутоа е млитав, слабичок. Од овие причини и да нејќи и да сака човек мора да гледа дизел, а дизел не ми се прај ќеф ради скапиве потрошни материјали. Ми треба мислење за Голфов и со Маздава за планов што ми се мотка низ глава.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4704 на: 31 Мај 2023, 16:33:26 pm »

Ќе си земеш ТСИ 4 цилиндри со каиш. Сигурен сум дека ќе те бендиса. Особено после ремап.
Инаку мазда 2.0 атмофче.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4705 на: 31 Мај 2023, 16:41:19 pm »
Се двоумам за нешто.
Во овие 20години возам само еден бренд, Мазда. Задоволен од се, атмосферц доверлив. Е сега се мислам дали да ја дадам еднава Мазда т.е 2ката од пред скоро и да земам Голф 6, ми се изрази желба за европска кола особено Фолксваген. Дизел како дизел си носи свои предности и недостатоци, заебанции со дпф, замаец, турбина и друго ако ти се погоди тешкото. Од таа причина гледам бензинец, ама од таа генерација асолен бензинец како што разбрав речиси и да нема, проблем со ланецот на ТСИ мотор. 1.4 16 вентилскиот атмосферец е како најдоверлив меѓутоа е млитав, слабичок. Од овие причини и да нејќи и да сака човек мора да гледа дизел, а дизел не ми се прај ќеф ради скапиве потрошни материјали. Ми треба мислење за Голфов и со Маздава за планов што ми се мотка низ глава.

Како што кажа Deni TSi само на каиш.

Е сеа имаш друга зафрканција, што не е само кај VAG од овие генерација, а то а е GDi и глупавото замастување од страна на uberlauf на усис.

Решение е oil catch can откако ќе го изчистиш усисот.

Кај Тојота мислам е решено што ги има двете вбризгувања, е сеа кој модел како не знам.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4706 на: 31 Мај 2023, 17:15:29 pm »
А Голф 6 кој мотор е со каиш? Од Голф 7 во новата генерација е воведен каиш на ТСИ мислам. 1.4 ТСИ 122 е со ланец чинам?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4707 на: 31 Мај 2023, 20:58:38 pm »
А Голф 6 кој мотор е со каиш? Од Голф 7 во новата генерација е воведен каиш на ТСИ мислам. 1.4 ТСИ 122 е со ланец чинам?
Што си запнал за 6ка, земи 7. Кај 6ка имаш само 2.0тди како опција, се друго е мачка...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4708 на: 31 Мај 2023, 20:59:14 pm »
И јас сум за 7ка само поради изглед.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4709 на: 31 Мај 2023, 21:32:27 pm »
Оди му на @zeroSignal со пари во џеб и ваучер за тајландска со хепиенд и со здравје да си го возиш Голфот.

Време му е нему да земе нешто со 200+ коња. На сите ни е, ама нему више прекувремено му се брои.