Здраво дечки ми треба мислење за: Citroen C4 exclusive, 2.0, 136коњи, нови гуми, дизел, 140 000 км поминати, всичко ново како што ми вика пријателов.
Значи работев на брод со еден од Бугарија и ми остана нешто пари должен и сега поради коронава и сака да ми ја даде колава за замена за 1300 евра, а мене и онака ми требаше нова кола за моите дома. Голем пријател ми е, 2 години работиме заедно си одиме на гости често нема шанси да ме лаже за нешто, ми рече дека ми ја дава поефтино мене пошто пријатели и сака да зима некоја нова кола на лизинг, а јас како тотален нуб за коли ме интересира ваше мислење дали вреди за тие пари.
Еве и неколку слики:





Фала однапред.