За која намена би било возилото, претежно за во град или отворено, кола за фамилијарни потреби или за лично возење, бензин (со опција плин) или дизел...овие дилеми и јас ги имав кога вагав и се случи од Гранде Пунто да преминам на Рено Сеник, во секој случај ми требаше фамилијарна кола....Грандето ми беше топ, посебно за по Скопје и искрено се надевав дека сопругата ќе почне да го вози и можеби немаше да го продадам, затоа што сигурен сум дека ептен ќе го засакаше. Претежно возам градска, со повремени екскурзии во внатрешноста на земјата и еднаш годишно одмор надвор од МК, во Грција. Успеавме и со Грандето да се собереме за на одмор. Заради икс причини морав да одам на некоја поефтина варијанта (уште не сум сигурен дали го направив вистинскиот избор), требаше да се вложи нешто во Грандето но парите ми требаа за друго и земав ценовно поефтино возило, Рено Сеник. Сеникот има убава вожња, како што спомна високо поставени седишта, многу простор на задната клупа каде најчесто се сопругата со детето, огромен багажен простор. Не е најпрактична за во метеж, паркирање, тргни застани, а и сопругата не планира да ја вози заради овие причини, а од друга страна многу ја бендиса колата и не сака да помисли да ја менуваме, пред се заради комфорот позади и багажникот. На отворено е поголемо уживање да се вози Сеникот отколку Грандето, а и лани на одмор нема што не понесовме во Сеникот. Сеникот е малку поскап за одржување (регистрација, сервис и поправки), со потрошувачка тука беа негде. Работата е што Грандето беше со дупло помала километража и помладо изгледаше, имаше доста за возење. Тоа се некои мои размислувања.