Колку што сум можал да забележам, W245 е ист внатре со W169 (втора генерација А класа), но е подолг за 40 цм, што води до поголем гепек. Би требало да е и внатре попростран, но не сум споредил за да сум сигурен. Можеби просторот и ист да е, со оглед на тоа дека хаубата на Б класата е подолга од таа на А класата.
Од ривјуа што имав читано за А класата, 180 CDI се има покажано како најдобар од дизелите, без посебни проблеми. Тој мотор го имам во А класата, 110 КС, 6 брзини, и можам да кажам дека е доволен за таа кола, а би требало да е и за Б класата W245.
W246 е друга прича веќе, 10 класи помодерен на изглед од претходникот, кој е малце грдичок според мене, и ако влегува во буџет секако оди на таа верзија. Како што пиша
@bramovsk , веќе има тема за таа генерација на Б класа од членот
@zlatkoa и можеш да се информираш дополнително.