Компактно возилце е. Не очекувај премногу простор меѓутоа може да се возат 4ца. Вратите се високи, седењето е на океј позиција, не е проблематично за излегување влегување... Просторот во гепек не е нешто посебно ама собира два куфера помали и торбица. За разлика со спуштени задни седишта добиваш бааѓи повеќе.
1.4i е онака океј мотор, малце тромав е за претекнување. Не знам колку е издржлив и проблематичен, не сум имал искуство. Мое мислење би било ако не размислуваш стрикно на тој мотор заради плин, да си земеш дизелче како што кажа DarthJe5us.
Од мое искуство со неколку А2ки што доаѓале за поправки, имаат често проблем со централното или со заклучување/отварање на гепек, обавезно припази на тие работи кога ќе ја гледаш колата.