Меѓународната гаранција е валидна ако и само ако било какви зафати на колата се правени во официјален (или овластен) сервис. Ако правиш некаков зафат кај Перо у гаража, колку и да го бива Перо, гаранцијата ќе престане да ти важи, ако ништо друго за деловите кои се променети, колку и да се оригинални.
За квалитетен сервис каде што би се правело по пропис, можам да го препорачам Маршер.
Предноста кај официјалниот сервис е доколку не е све напраено како што треба, и после се јави цвилење, можеш да се вратиш и да им ги треснеш од глава, и да бараш средување. И да е истечена гаранцијата на возилото, на деловите и работната рака секој официјален сервис дава гаранција која трае одредено време.
9000 мкд не знам дали се многу за Хонда. Во секој случај има саат-два работа, а мораат да имаат некаква маржа.
Многу се.. Ако за Мини се 100 ЕУР со се работна рака, не ми е јасно зашто не се многу 9500 за Honda (процедурата е веројатно иста).
Инаку понудата е 9000 мкд плочките, 500 МКД работната рака.
Чисто за компарација дека се многу, еве колку чинат оригинални ОЕМ HONDA Плочки во Англија:
Ова е одговор на мојот маил до една Англиска фирма што продава оригинални ОЕМ Хонда делови:
"Hi Darko,
As a guide it would cost approximately £30 to ship and set of brake pads"
http://www.coxmotorparts.co.uk/genuine-honda-crv-front-brake-pads20072012-p-281.htmlИнаку и јас преферирам официјален сервис, доколку стварно се внимава на сите детали, и доколку не се забегува премногу со цената. Споредив и по странски форуми колку чини овој зафат во земји со многу поскапа работна рака и пак е кај нас поскапо (ако земам цена на плочки и работна рака) (не можеш да ме убедиш дека кај нас работната рака е поскапа од Англија или Германија, односно дека овој зафат кај нас би бил поскап дупло од Англија или Германија).
А при тоа почуен од искуството на пријател со Honda не сум сигурен дека монтажата се изведува како треба (му се јави тресење, се врати 3 пати и пак исто). Предпоставувам дека не исчистиле како треба, и дека не ставиле маст каде што треба, односно сработеле како што би Перо у гаража. Само кај Перо у гаража гледаш што се случува, овде не те пуштаат.
И уште еднаш.. Please контакт (тел/адреса) од официјален сервис во Солун. Ако сменам таму, сепак ќе важи гаранцијата и понатаму

Инаку еве и на уште едно место колку чинат разни брендови на плочки:
Од 20 и нешто ситно долари, до ATE Premium 68 УСД
http://www.partsgeek.com/catalog/2012/honda/crv/brake/brake_pad_set.html