Треба да ги мењам плочките и прибрав информации од продавнициве за делови и сфатив дека малку т'нка е работава за кореецов мој.
Јапанпартс - 1000 ден. само овие ги имаа у Солид и некако не би.
Hi-Q - 1050 ден. Овие ми ги понудија у еуро07 и типот ми кажа дека биле корејски за хјундаи и дека он ги стаил кај него на и30 и биле добри, арно ама ја кај мене не би ги стаил. Ми понудија уште едни плчоки со слична цена на кој што ни името не успеав да им го запамтам, ниту пак сум слушнал некад за нив.
Ремса - 1650 ден. овие ги има Чакаров, а тука глеам имаат 7 гласа, па би било фино да сподели некој нешто за брендов, бидејќи овие би ми биле резервна опција у случај да не најдам Феродо кои што у Чакаров моментално ги немаше, а коштаат 2100, на друго место исто така не успеав да ги најдам.
TRW - 2500 ден. овие некако скапо ми делуваат, но треба да се прејавам пак за да ми кажат дали и колку може да се спушти цената. На истото место ми понудија и некои италијански на С, им го забораив името околу 1500 денари беа.
Добредојден би бил секој совет.