Кој ќе кочи подобро, Mito едно клипни со 280мм со EBC yellow или TBi 155кс со Брембото од 305мм? Каде ќе има проблем после 2-3 силни кочења?
Малце баби и жаби се тоа, али треба да се тестира. Со оглед дека 305-ките се и пошироки, односно со пошироки канали за ладње, можно е yellow stuff на 280 диск побрзо да стигне до критичната температура од брембо со стандардни плочки (да не се ептен ѓубре).
Али, затоа на располагање ти стои опцијата на брембото да им тртнеш Brembo HP2000 (HP2 по ново), или Ferodo DS2500, a исто така и опцијата од FIAT 500 Abarth дводелни floating disks, ако сакаш уште подобри перфоманси на стаза.
Со 280ките ти останува само со плочките да си играш и евентуално grooved/drilled дискови.
На второто прашање „каде ќе има проблем после 2-3 силни кочења“, никаде. Треба повеќе од две-три силни последовалтелни кочења од големи брзини и за двете комбинации.