Скоро сите знаете, ама еве..
Пред некое време Голфот ми го изгребаа со клуч, и тоа онака, здраво. Целата лева страна + врата од багажникот беа за фарбање, и мал дел на задниот браник беше за санирање.
Разгледав понуди и опции, на крај се одлучив да ја оставам колата во М-Кар (официјалниот импортер на BMW) за да ја средат. Колата беше кај нив од минатиот понеделник до вчера.
Од она што јас можам да го видам и препознаам, одлично е завршена работата. Внимавано е на ситници и детали, и има мали имперфекции, ама да сме живи и здрави. Ги препорачувам!
За беља, во меѓувреме цркна и акумулаторот. Сабајлево не успеавме никако да го запалиме Голфот со кабли (пробувавме со два различни сета кабли и четири различни возила - фала Бушав!). Се јавив во Порше, ми рекоа да не пробувам друго, него испратија Roadside assistance. Го качивме Голфот на шлеп, јас бев во депресија и го однесовме во Порше. Таму со бустер го запалија одма, без никакви проблеми. Ми рекоа дека се е во ред, само да си го сменам акумулаторот.
Од таму, правец Exide кај Анџело, ставивме нов Exide Premium, колата спие. Јас, конечно раат.