Автор Тема: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline  (Прочитано 300373 пати)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #825 на: 30 Септември 2014, 16:15:15 pm »
naslonuvacot ima rupa vnatre da go stais uredot, nema sto da se osteti :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 773
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #826 на: 30 Септември 2014, 16:21:46 pm »
Маслото е некако оѓин и пламен. Другите ствари се горе-доле нормални.

Longlife уље е. VW 507.00 поевтино уље нема, а и нема баш избор само неколку производители го праат.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг:
« Одговори #827 на: 30 Септември 2014, 20:04:57 pm »
Jas mislam deka se si e kako sto treba. Cenata na rabotnata raka ja objasni zero. Rabotata e sto  nie SME siromastija pa se ni se gleda skapo .
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #828 на: 30 Септември 2014, 20:16:47 pm »
Се согласувам.

Мене една работа само ме загрижува, не сум сигурен дека овластените сервиси ни се на ниво на другите овластени сервиси во регионот, а да не зборам за европа.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #829 на: 01 Октомври 2014, 19:30:36 pm »
Па кога секој размишља како да кидне од овластен сервис штом ќе истече гаранција (пред се` заради цената), не ни може да бидат на ниво на сервисите во регионов.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #830 на: 01 Октомври 2014, 19:43:45 pm »
Не те разбрав :)

Во маккар еден куп коли се сервисираа па пак викаат дека не биле како во Солун на пример. И со цени, а уште побитно со квалитет, сериозност и посветеност на работата.

Кога одам кај локален мајстор да ја сервисирам колата логично ми е да се секирам, да се распрашам, да се сомневам. Ама кога ќе платам исто или слично како во странство за сервис, кога некој става печат и вика дека е овластен, со курсеви, сертификати јас не би требало да се замарам за нивната работа и да бидам мирен. Но за жал не секогаш е така.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #831 на: 01 Октомври 2014, 19:46:29 pm »
Сакам да кажам, сервисираат само возила во гарантен рок, што е премалку да за се создаде асален сервис. Цените се исти како во Солун, ама сервисот има 10-20 пати помалку возила донесени на сервис во годината. А треба да плати иста обука, ист алат, да има ист магацин со делови... тоа ми беше муабетот. Некаде ќе мора да се скрати. Најчесто на обука и на делови на лагер. И автоматски опаѓа квалитетот на услугата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #832 на: 01 Октомври 2014, 19:53:44 pm »
Ни цените не се исти, пониски се кај грците.

А ако им опаѓа квалитетот нека паднат и цените, бар мене така ми е логично. Затоа јас лично нема да ја сервисирам колата во Порше, затоа што цената е 40-50% повисока од Маршер и мои делови, а не сум убеден дека ќе добијам квалитет колку што плаќам. Можеби грешам :)

Хондите ги сервисирам во овластен дека ми одговара цената и ги познавам луѓето. Минито исто го сервисирав во овластен затоа што не е толку честа кола, а сите што ги знам и што имаат исто ги сервисираа во Маккар.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #833 на: 01 Октомври 2014, 19:59:24 pm »
Е па тоа е, во маккар имаше барем соодветен алат, не мора да прилагодува некој мајстор перо некое приправено алатче за да ти заврши работа, за нешто специфично. Ама за да се исплати тој алат со нормални сервисни цени, треба да има 100 минија годишно во сервис. А кај нас, 20 дали има. И он треба од тие 20 минија да го извади алатот, сервисот и знаењето. Успут и да не биде зијан.

Инаку не грешиш, што се однесува до твоите пари. И јас така играм. Ако не може во официјален сервис да ми обезбедат плочки за кочници за денес, и мора да ги чекам по нарачка - така знам и сам. Не ми треба официјален.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #834 на: 01 Октомври 2014, 20:20:21 pm »
Заклучок, да имаме повисок стандард и колите стари 20 години ќе ги носиме во овластен сервис и нема да ги затвораат сервисите секој месец.
Инаку цениве што ги пиша Зеро не се нешто претерано високи, ниту неоправдани. Напротив баш се логични, а дека може да се пројде поевтино-може.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #835 на: 01 Октомври 2014, 20:31:34 pm »
Мора да сфатите дека со повисок стандард обично доаѓа и поскапа работна рака. На се. Тоа е „стандард“, повеќе си платен како човек.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #836 на: 01 Октомври 2014, 20:47:05 pm »
Работната рака оди кај работникот. Маржата оди кај газдата. Кај нас - висока маржа, ефтина работна рака. Во Солун, ниска маржа, скапа работна рака. И пак поефтин сервис.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #837 на: 02 Октомври 2014, 12:59:44 pm »
Би забележил на цената за сијаличката, филтерот за гориво, маслото и работната рака.

Иако се менува на секој втор сервис, филтерот за гориво е малку скап.

Полен филтерот е карбонски или обичен? За 1000-ка, ако е карбонски, е гага.

Цената на дугмињата за џамовите е ОК. А за работна рака - чисто се сомневам дека им требало повеќе од 15-тина минути да го заменат, hence цената на работната рака.

Како и да е, скапичко за наш стандард.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #838 на: 02 Октомври 2014, 17:32:09 pm »
Да резимираме ...

Бидна прв сервис на 10620 км.

Цени:

Филтер за масло - 390 денари.
Филтер за полен - 740 денари.
Филтер за воздух - 760 денари.
Castrol Edge SLX L. LIFE III 5W-30 - 4400 денари.
Работна рака - 800 мкд.

На целото тоа, + ДДВ.

Реално, цените на филтрите им се ок, ама на маслото крпат, и тоа машки. Што вика Симо, Castrol, од најубавото.





Ај вака, да разглобам:

Штопна - 73 мкд
Ф. Масло - 487 мкд
Ф. Полен - 898 мкд
Ф. Воздух - 927 мкд
Ф. Гориво - 1668 мкд
Масло - 4699 мкд
Работни операции - 1008 мкд

На сето тоа уште 18% ддв - 1756 мкд.

Вкупно: 11.517 мкд.

Третиот сервис е правен у гаража у Чаир по што следува:

Еве, вториот мотор е при крај, нарачан е третиот.

На 41.600 километри Голфот го доби и четвртиот сервис.

Цени:

Штопна - 74 денари
Филтер за масло - 493 денари
Филтер за гориво - 1699 денари
Филтер за воздух - 948 денари
Филтер за полен - 954 денари
Масло - Castrol Edge Professional Longlife 3 5W-30, 4.3 литри - 3972 денари
Сијаличка за таблица - 106 денари.

За жал, морав да сменам и прекидач за прозори кој го скршив во ситуација кога требаше да закочам нагло и во истиот момент затварав прозор, па изгледа во тој момент сум го истегнал прекидачот. Мораше да се смени целото склопче за прозори на возачка страна кое кошта 3100 денари.

На сето ова, плус работна рака 2000 денари и ДДВ.

Многу пари. Колат, и тоа мушки.



;D

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: 2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline
« Одговори #839 на: 02 Октомври 2014, 17:41:58 pm »
Јас на аудито имам исто масло castrol longlife  во Германија е менувано на 30 000 тука кај нас кај тебе конкретно на 10000?