На 30.715 километри е направен третиот сервис. За точната цена не сум сигурен, ќе стигне фактурата по пошта, али би очекувал да е околу 8000-8500 денари.
Сменето е масло, филтер за воздух, филтер за масло и филтер за полен.
Бидејќи имав работа низ град (а и ме интересираше реакција) побарав заменско возило. Добив заменско возило. Услугата беше брза и ефикасна, и поминаа околу саат и 20 минути од приемот на возилото до пристигањето на SMS дека е готово и спремно за подигање.