На 30.715 километри е направен третиот сервис. За точната цена не сум сигурен, ќе стигне фактурата по пошта, али би очекувал да е околу 8000-8500 денари.
Сменето е масло, филтер за воздух, филтер за масло и филтер за полен.
Бидејќи имав работа низ град (а и ме интересираше реакција) побарав заменско возило. Добив заменско возило. Услугата беше брза и ефикасна, и поминаа околу саат и 20 минути од приемот на возилото до пристигањето на SMS дека е готово и спремно за подигање.
Сепак имам впечаток дека "народното возило" има СКАП сервис. Кога на оваа сума ќе се додаде и претходната, од претходниот сервис, која беше ~12.000 (ако не се лажам).. Многу е.
Баш ме интересира - колку би чинел, еве баш последниов сервис, во сопствена режија да се направи, и еве рецимо - кај Маршер. По проценка - не повеќе од 5.000 денари. Единствена загуба е евидентирањето на сервисот во базата на VW, кој Зеро го става многу високо на пиедесталот. Од таа евиденција, ќар би имал само потенцијален купувач во некое идно време. Јес да ќе ја качи цената, ама повеќе од 500-700 евра - не верувам.
FYI, истиов сервис (масло и трите филтри) во овластен мене, за мојата кола ме чинеше 4.600-4.700.