Кога бев кај
@dame на полирање фарови приметив (и се усрамив) колку е прљав Голфот под хауба.
Сабајлево решив малку да зачистам. Бидејќи немам никакви познавања од дитејлинг, нити пак некакви средства - како и секој нормален човек, грабнав тоа што имав во кујна (Fairy средство за садови, кое го разредив во прскалица), неколку крпи, стара четка за заби и пакетче влажни марамици, и се заангажирав малку.
Пред:

Срамота.
Саат време (и неколку испогребани прсти) покасно:

Далеку од идеално, но значително подобро. Можеби ќе купам пар средства по препорака на дитејлерите на форумов и ќе се ангажирам малку повеќе.
