Каква дискусија сум отворил лелелелеле.
Туку ме интересира дали тие што имаат зимски гуми ги извадија денес и дали планираат да ги монтираат своите летни бидејќи зимска гума има подобри перформанси само на температура под 5С од летната и на сува и мокра подлога.А ова зимо температури под 5С имаше неколку денови,снег 1-2 дена а останатите 2 месеци летната гума е посупериорна.И во петок доаѓам во СК и ќе ги молам возачите со зимски сет да не ги возат своите возила,не сакам некој со зимска гума на 10С да ме бапне и да ми го загрози мојот живот.
И зимски сет на гуми не купувам се додека температурата не се движи под 5С степени повеќе од 2 месеци и снег на асвалтот не се задржи повеќе од 1 месец.Во Кавадарци ова зимо снег не видов,а температури под 5С дали имаше 5 дена.Законот убаво гласи или зимски сет на гуми или ланци,ланци имам.
И ако одиме по логиката на повеќето на форумов дали треба да се возат гуми од класата на тигар,корморан и некоја слична пластика,па тие летни гуми имаат перформанси милион пати полоши од моите мишелин и дали тие треба да бидат обвинувани за загрозување на сообраќајот.
За возење по снег(кашав) 20км добив обвинувања демек убиец на слобода сум,а оние што возат зимска гума на 10С во зимо имаат каде каде послаби перформанси од летните на тие температури се светци. Снег на асвалтот имаше од Беровско езеро до Берово,на неколку места помеѓу Берово и Виница и на Лакавицата околу 1км макс.Другите 130км температурата беше околу 4-5 С.