Автор Тема: Како се справувате со снегот ?  (Прочитано 406501 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1305 на: 21 Декември 2014, 00:24:02 am »
да дигнеш максимална брзина со шлепер, без абс, да му рокнеш кочница и он следните 300+ метри со блокирани тркала ке иде САМО ПРАВО нели? хахаха.. каков виц...

Ako се изврти тоа значи дека тркалата не му кочат како што треба, односно камионот е неисправен.
Да, ке се изврти ако му го извадат петтиот цилиндар, мајсторите кај нас, нели, пошто они све разбираат.

Ако патеката на кочење на мраз е поголга, на мокро е подолга, зошто би била на сува подлога пократка :) ?

не бе друже... еве.. се е со кочниците во ред... нема извадено петти цилиндар (на шлепер и незнам дали има воопшто такво нешто, бидејки на пнемуатика им работат кочниците),  значи се е во ред, освен што немаш абс... знаеш ли колку треба условите на патот да бидат идеални, за да не се изврти возило никако? за да иде само право, треба да имаш идеално рамен асвалт (да потсетам 300+метри), да нема никаков нагиб самата улица,  да биде права како пушка и возилото да има изедначена тежина-баланс на лево-десно како и напред-назад...

е кога сите овие услови ке ги склопиш, тогаш ја добиваш онаа симулација погоре прикажана со камионот на услови на мраз и на снег... а шансите за такво нешто се еднакви на 0.. и не зборам само за кај нас.. насекаде во светот, прво и основно сите патишта имаат некаков нагиб на некоја страна за да би се дренирала водата од дождовите... и само тоа е и повеке од доволно за да посочам дека симулаторот погоре е лажен, т.е. ете, нека биде не точен, односно грешен...

и ова не важи само за шлапери... и леки коли, мини или макси теренци, автобуси.. буквално за сите... мал нагиб на асвалтот и права линија НЕМА на движење со блокирани сите тркала па уште и 300+ метри... никако...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1306 на: 21 Декември 2014, 00:35:25 am »
Јас не вервам во ова од сликата, баш чекам да падни првиот снег и ќе ги споредам моето и на брат ми Реното со и без абс па да видиме кое ќе застани побрзо.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1307 на: 21 Декември 2014, 00:39:08 am »
Јас не вервам во ова од сликата, баш чекам да падни првиот снег и ќе ги споредам моето и на брат ми Реното со и без абс па да видиме кое ќе застани побрзо.

да.. можеш... ама треба да имате потполно исти гуми и тежина на возилото...

нај убаво за споредба, пробај го тоа со абс прво, па извади му го осигурачот од абсот и пробај пак.. исто возило, исти гуми, исти услови на патот се е исто.. и на крај сподели тука со нас...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1308 на: 21 Декември 2014, 00:44:34 am »

Ако патеката на кочење на мраз е поголга, на мокро е подолга, зошто би била на сува подлога пократка :) ?
На мокро не е подолга. На снег е подолга и на мраз.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1309 на: 21 Декември 2014, 00:51:17 am »
Имав читано еден тест во Ауто Клуб баш на оваа тема имаа направено најразлични споредби и возилото со абс испадна многу малку скоро незабележително полошо од возилото без абс,ама пошо ова го имам читано одамна имам заборавено на каква подлога беше.Е сеа списанието го имам во визба па утре баш ке го барам низ сите списанија и да го видам резултатот. :)

Инаку од искуство кога возиме со камионите низ Рек и кога ке почни да се прај патот кал,кочиш абс се активира ама не застануваш,го исклучувам абс-от(на мерцедесот имам дугме да го исклучам) и одма застанува(но ова важи кога не е скроз каллив патот туку онака ни ваму ни таму).Е сега кога треба да застанам го исклучувам абс-от и застанувам,а ако треба да се протнам меѓу некој/нешто тогаш си возам со абс ем кочиш(не дека кочи) ама можиш да управуваш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1310 на: 21 Декември 2014, 01:56:04 am »
Најголем отпор има кога има триење, што логично е возилото да застане за пократко растојание кога гумата се влече, нели?

Не е така едноставно. Пример за соодносот помеѓу, разликата на брзина на гумата и подлогата, во однос на силата на сопирање:


Формата на кривата е различна при различни услови на возење, подлоги, предни и задни тркала, ама во глобала ги има истите карактеристики. Способноста за сопирање се зголемува, се додека не достигне максимум, па потоа паѓа со зголемувањето на пролизгувањето.

Примеров е за кочење на асфалт.

1. Ако со нога го регулираш кочењето, така да цело време си на или околу максималната ефикасност
2. Кочница до крај со ABS
3. Кочница до крај без ABS
4. Кочница до крај без ABS, со повремено отпуштање за да можеш да управуваш


Е сега, во услови на снег и растресита подлога, како песок или земја, при блокирање на тркалата се создава бариера од горниот слој на подлогата која помага при сопирањето.

Цитат
Here you can see the dramatic difference of emergency stopping on dirt roads or gravel with abs vs no abs.
First WITH ABS, it takes about 100 ft to stop, hopefully in the real event the cliff or the obstacle was not at 80 ft from where you hit the brake. Second video is WITHOUT ABS just HARD on the REAR brake ONLY, you can see the difference, about half the distance, last is HARD on REAR brake and progressive pressure on the front brake, NOW THAT IS DIFFERENT, it cuts the distance by about 80 (YES EIGHTY %).

На кој му се чита малку поопширно:
http://www.drivingfast.net/car-control/braking.htm
http://www.drivingfast.net/car-control/grip.htm
« Последно менување: 21 Декември 2014, 02:02:47 am Vasil »

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1311 на: 21 Декември 2014, 08:13:24 am »
^^ Вакви постови сакамe!


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1312 на: 21 Декември 2014, 09:58:25 am »
Најголем отпор има кога има триење, што логично е возилото да застане за пократко растојание кога гумата се влече, нели?
Има отпор но не е најголем. Најголем отпор има пред да почне лизгањето. Откога состојбата е стабилна, додека да почне да лизга отпорот е најголем. ТОа е видливо и на графикот на Васил. Тешко е да натераш нешто да лизне, откога ќе се лизне после отпорот е помал. Наједноставно е прикажано на митбастерс во епизодата „mythbusters banana slip“.
И кога одиш пешки по лед, ако пробаш од статичка положба да си ја изместиш кондурата, да се слизне, ти е потешко. Ама ако веќе почне да се лизга, потоа многу полесно лизга.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1313 на: 21 Декември 2014, 10:57:40 am »
Најголем отпор има кога има триење, што логично е возилото да застане за пократко растојание кога гумата се влече, нели?

Да, но наместо триењето меѓу гумата и асфалтот глеј го триењето меѓу пакните и дискот. Пред да блокира тркалото тоа триење е поголемо отколку триењето меѓу блокираната гума и рошавиот асфалт. Ако тркалото блокира, му викаме „чао“ на тоа поголемо триење диск/пакна и се оддаваме на триењето гума/асфалт, кое е помало.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1314 на: 21 Декември 2014, 12:49:06 pm »
Не треба така да се гледа.

...

Сопирачките треба да бидат доволно моќни за да го искористат максималниот потенцијал на гумите (во дадените услови)...


едит: по грешка го едитирав, не знам што точно пишуваше, дај бе намалете го периодот :)
« Последно менување: 21 Декември 2014, 18:19:02 pm Vasil »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1315 на: 21 Декември 2014, 16:12:36 pm »
Сопирачките треба да бидат доволно моќни за да го искористат максималниот потенцијал на гумите (во дадените услови).

Секоја исправна сопирачка го задоволува тој услов. Со секоја сопирачка (минус абс) може да го заблокираш тркалото, дури и при услови на максимум грип.

Со други зборови, најслабата алка во синџирот на кочењето е комбинацијата гумата+подлога. Или, да се изразам слично на тебе: гумата (плус подлогата) е онаа која треба да го искористи потенцијалот на сопирачките.

Таман работа ако со сопирачките го „бркаш“ потенцијалот на гумите. Обратно е.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1316 на: 21 Декември 2014, 17:47:19 pm »
Со други зборови, најслабата алка во синџирот на кочењето е комбинацијата гумата+подлога. Или, да се изразам слично на тебе: гумата (плус подлогата) е онаа која треба да го искористи потенцијалот на сопирачките.

Таман работа ако со сопирачките го „бркаш“ потенцијалот на гумите. Обратно е.

Ако е најслаба алка, во сериски систем, тогаш не можеш да го кажеш ова:
„Ако тркалото блокира, му викаме „чао“ на тоа поголемо триење диск/пакна и се оддаваме на триењето гума/асфалт, кое е помало.“

Кога блокираат сопирачките, бараш од гумите рата на сопирање која што не можат да ја извршат.

Кога тераш некој да работи 12 часа дневно, без паузи, предизвикуваш грешки. И после се расипала машината, погинале четворица, па ќе треба да запреш работа, да исплаќаш штети, осигурувања. Тоа не го бива. Но од друга страна добар раководител треба да знае да го искористи потенцијалот на вработените, кога се во најдобра форма.

Раководителот не ја врши директно работата, но го диригира темпото со кое се врши работата.

Исто како сопирачките. Со ногата или со ABS системот го регулираме темпото на забавување, обидувајќи се да го погодиме она кое можат да го испорачаат гумите при тие услови.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1317 на: 21 Декември 2014, 18:06:40 pm »
Ако е најслаба алка, во сериски систем, тогаш не можеш да го кажеш ова:
„Ако тркалото блокира, му викаме „чао“ на тоа поголемо триење диск/пакна и се оддаваме на триењето гума/асфалт, кое е помало.“

Не само што можам, туку не можам ништо друго да кажам. Моќта на сопирање на релација пакна/диск е секогаш поголема од моќта на сопирање на релација гума/асфалт. Затоа, моќта на сопирање на релација пакна/диск треба внимателнио да се дозира за да не ја надмине онаа на релација гума/асфалт. АБС помага да се задржиме во рамките на таа „доза“ (и покрај тоа што дискот/пакната можат и повеќе од тоа) па така патот на кочење е најкраток можен. Колкав навистина ќе биде зависи од масата, брзината, гумата, условите на патот, бла бла...

Кога блокираат сопирачките, бараш од гумите рата на сопирање која што не можат да ја извршат.

Да.

Кога тераш некој да работи 12 часа дневно, без паузи, предизвикуваш грешки. И после се расипала машината, погинале четворица, па ќе треба да запреш работа, да исплаќаш штети, осигурувања. Тоа не го бива. Но од друга страна добар раководител треба да знае да го искористи потенцијалот на вработените, кога се во најдобра форма.

Оваа алузија не ја разбирам.

Исто како сопирачките. Со ногата или со ABS системот го регулираме темпото на забавување, обидувајќи се да го погодиме она кое можат да го испорачаат гумите при тие услови.

Ова, и покрај тоа што е вистинито, е тривијално. Сигурно дека со ногата одредуваме колку ќе кочиме и сигурно дека гумата е таа која диктира колку ќе можеме да закочиме. Ништо тука не противречи на мојот претходен пост.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1318 на: 21 Декември 2014, 18:19:15 pm »
Ако тркалото блокира, му викаме „чао“ на тоа поголемо триење диск/пакна и се оддаваме на триењето гума/асфалт, кое е помало.

Сеуште не ми е јасно што мислеше со тоа „чао“ на поголемото триење диск/пакна. Нели гумите се најслабата алка? Како може да потегнеш синџир појако одколку што може да издржи најслабата алка?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Како се справувате со снегот ?
« Одговори #1319 на: 22 Декември 2014, 09:56:30 am »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Ова е навистина интересен податок, ако ова е вистина кога најмногу ти треба АБС от тој ќе те издаде ......на мраз при 80 км h од 255 м кочењето без АБС се зголемува на 404 м при иста брзина , на снег и не е толку изразено ама на мраз е премногу разлика ......
Ко прво треба да си луд да возиш 80 на мраз.Ко второ,кај нас мраз нема,за 255м нема ни да зборам камоли за 404м пат со мраз,немаме толкави правци.Ко трето почнавме да плачеме за снег.

Воопште да возиш на мраз е лудост..